Page 148 - ЦЕЛИНА
P. 148

како	што	се	денес.	Во	иднина	професор	мора	да	биде	призната
            професија	во	целиот	свет.


            Кога	сме	кај	оваа	тема,	морам	да	начнам	еден	голем	историски
            проблем,	 кој	 треба	 да	 го	 проучуваме	 и	 третираме,	 и	 притоа
            мораме	реално	да	го	согледаме.

            Јазикот	на	кој	ќе	се	разбираме	во	иднина	мора	да	биде	еден	и
            единствен.	 Низ	 историјата	 секогаш	 постоела	 борба	 кој	 јазик	 ќе
            доминира	во	комуникацијата	помеѓу	државите	и	меѓу	луѓето.	Се
            правеа	 напори	 за	 создавање	 на	 еден	 нов	 јазик	 кој	 ќе	 содржи
            зборови	 од	 многу	 јазици.	 Во	 различни	 времиња	 доминираа
            различни	јазици.	Денес	англискиот	јазик	најмногу	доминира.	Во
            политиката,	трговијата	и	во	сите	други	комуникации	преовладува
            англискиот	јазик.
            Без	разлика	кој	јазик	ќе	се	користи	тој	мора	да	биде	прв	јазик	за
            секоја	земја,	значи	прв	и	единствен	јазик	во	целината,	а	вториот
            јазик	 да	 биде	 мајчиниот	 јазик.	 Оваа	 состојба	 постои	 и	 тоа	 е
            реалност.	Во	иднина	не	може	учебниците	да	се	преведуваат	на
            сите	јазици	на	светот,	сите	учебници	во	целиот	свет	мора	да	се
            исти	и	нашите	деца	од	целиот	свет	да	учат	од	исти	учебници	и	на
            ист	 јазик.	 Има	 две	 причини	 за	 ова	 да	 се	 спроведе,	 првата,
            преводите	понекогаш	ја	губат	суштината,	втората,	дека	целината
            со	еден	јазик	ќе	ги	приближува	луѓето	од	целиот	свет.

            Потврда	 за	 ваквото	 размислување	 дава	 и	 фестивалот
            „Евровизија“	каде	90	проценти	од	пејачите	од	над	40	земји	пеат
            на	англиски	јазик.

            Секоја	реалност	мора	да	се	гледа	рационално,	без	емоции	кои
            би	 причиниле	 незадоволство.	 Традицијата	 вели	 дека	 секоја
            заедница	 е	 посебна	 и	 оригинална.	 Целиот	 свет	 традицијата	 ја
            гледа	 како	 вредност,	 но	 во	 самата	 суштина	 традицијата
            разделува	луѓе	и	со	самото	тоа	е	негативна	појава.	Создавањето
            еден	 јазик	 во	 целината	 ќе	 има	 противници	 носени	 од
            традицијата,	 затоа	 еднаквото	 образование	 и	 воспитување	 во

                                          146
   143   144   145   146   147   148   149   150   151   152   153