Page 140 - ЦЕЛИНА
P. 140
негативни индивидуални интереси кои се очигледни и јасно
изразени, целото општество мора јасно да го детектира овој
проблем за да може да го реши. Регулираните односи во
општеството ќе станат дел од човековото живеење, навиките на
луѓето за примање на доброто и отфрлање на лошото во иднина
ќе бидат дел од живеењето.
Заштитата и спречување на кородирање на општеството мора да
ја разбуди целината со цел да се најде решение. Планирање на
иднината ќе доведе до решение за денешните проблеми.
Криминал најчесто се прави за добивање материјални добра.
Ако материјалните добра не се прва цел во иднината, ќе се
намали криминалот. Ова првично звучи чудно, но во суштина е
нормален историски процес.
Сопственоста е неприкосновено и свето право, никому не може
да му биде одземена. Национализирање на имот и лична
сопственост во историјата донесе зло и големи незадоволства.
Етичкото однесување ни даде просветлување дека не треба да се
посега во личната сопственост.
Волкот кога зграпчува дел од пленот се бори за самиот да го
изеде да не остане гладен. Тоа е инстинкт кај сите животни, а и
кај човекот. Но, човекот се издвоил од животните со развивање
на мозокот, се појавил разумот кој ја создал совеста. Заговорот
на еднаквост е истакнуван од многу револуции кои имале за цел
изедначување на луѓето. Еднаквоста се постигнува со систем на
задоволни страни, а не со насилнички методи.
Никогаш не се постигнале целите кои биле главен мотив за
револуција. Едните биле убивани, а другите ја заземале власта и
полека, полека, власта ја користеле за лични цели. Во суштина
само се менувале сопствениците на материјалните добра.
„Зошто“ е збор кој се употребува за добивање одговор за дејства
или односи кои бараат објаснување.
138

