Page 146 - ЦЕЛИНА
P. 146
Но, ако се третира суштината на државата, имаме фрапантни
негативности кои носат конфликти и создаваат сопирачки за
развој на општеството во целина.
Државата продуцира работна маса и со тоа ангажира средства
кои не носат никаков прогрес.
Државата создава закони кои се различни или делумно
идентични со другите држави и бараат од сите други кои доаѓаат
во нивната земја да ги почитуваат тие закони. Ако има исти
закони во целиот свет, не треба да се учат различните закони на
различните земји. Законите во иднина ќе ги знае секој затоа што
тие ќе бидат унифицирани и признаени од целиот свет.
Во иднината бирократскиот апарат, кој денес има примеси и од
политичкиот карактер на државата, ќе се унифицира и со самото
тоа ќе добие професионален карактер. Денешниот државен
апарат ќе работи за општите потреби на целината, со таквиот
пристап ќе се намали корупцијата, ќе се намали политичкото
влијание, кое врши притисок врз бирократскиот апарат и врз
професионалноста во квалитетот.
Неунифицираноста на правните системи е еден од негативните
елементи со кои се дели целината и создава забуна кај луѓето во
целиот свет. Имаме судски пресуди во една земја, но истите се
неразбирливи и дури смешни за други земји.
Во иднина судиите ќе можат да работат каде што би сакале да
живеат затоа што би суделе под исти закони во целиот свет.
Ваков пристап ќе доведе до поголема сигурност на секој човек во
светот, таа сигурност ќе доведе луѓето да бидат креативни,
таквата креативност ќе даде можност луѓето да ја бираат својата
професија порелаксирано. Работната сила ќе навлезе во
попродуктивни води и со тоа ќе придонесува за поголем развој
на општеството. Ние имаме работна сила која во суштина нема
значење и се добива впечаток на создавање бескорисна маса.
144

