Page 142 - ЦЕЛИНА
P. 142

Негативните	 појави	 во	 општеството	 се	 менувале	 историски.
            Денес	ние	сме	подобри	од	порано,	но	мора	да	се	избориме	за	да
            бидеме	подобри	од	денес.	Организираноста	на	општеството	како
            иден	 процес	 е	 неминовна,	 организираноста	 на	 целината	 е
            единствен	пат	кој	мора	да	го	изодиме.
            Денешните	парцијални	решенија,	како,	на	пример,	здружување
            на	неколку	земји	во	една	унија,	нема	да	ги	решат	проблемите.
            Просто	кажано,	од	двесте	интереси	се	доаѓа	во	состојба	на	сто	и
            педесет	интереси.	Денес	е	важно	да	се	создаде	глобален	систем
            во	целиот	свет	кој	ќе	ги	интегрира	сите	луѓе.	Човекот	во	иднина
            мора	 да	 е	 задоволен	 и	 секојдневно	 да	 има	 поголема	 волја	 за
            живот.


            Големите	имиграциони	движења	се	доказ	за	распадот	на	ваквиот
            егоистичен	 и	 лош	 систем.	 Во	 моето	 детство	 гледав	 филмови	 за
            тоа	како	ќе	изгледа	светот	во	21-иот	век,	возбудата	беше	голема,
            се	 радував	 дека	 животот	 ќе	 биде	 подобар.	 А	 што	 добивме	 во
            21-иот	 век?	 Емигранти	 кои	 бегаат	 од	 своите	 домови	 за	 да	 не
            бидат	 убиени,	 имаме	 војни	 и	 конфликти	 насекаде	 во	 светот.
            Денес	најголемата	закана	на	земјите	од	светот	се	терористичките
            атаци	при	кои	се	убиваат	невини	луѓе.

            Дали	ова	е	нормално?

            Замисли	 да	 ти	 се	 случи	 неправда	 поради	 нешто	 во	 што	 не	 си
            инволвиран,	 ниту	 си	 можел	 да	 влијаеш	 на	 состојба	 во	 која	 се
            наоѓаш	и	го	губиш	животот	или	си	понижен.

            Денес	 имаме	 милиони	 луѓе	 кои	 се	 во	 тешка	 состојба.	 Мораме
            јасно	 да	 ја	 увидиме	 и	 признаеме	 состојбата	 во	 која	 се	 наоѓа
            светот	 денес.	 Многу	 добро	 се	 знаат	 причините	 за	 денешните
            неправди	 и	 имаме	 должност	 таквата	 состојба	 да	 ја	 исправиме.
            Мораме	злото	да	го	уништиме	и	да	ја	истакнеме	добрината,	тоа
            треба	да	е	прва	цел	на	општеството.	Со	ваков	пристап	ќе	исчезне
            и	тероризмот,	кој	треба	што	побрзо	да	го	оставиме	зад	нас.


                                          140
   137   138   139   140   141   142   143   144   145   146   147