Page 138 - ЦЕЛИНА
P. 138

Таквиот	 општествен	 однос	 ќе	 ја	 зајакнува	 целината,	 а	 со	 тоа
            целите	и	интересите	ќе	почнат	да	се	спојуваат	и	изедначуваат.


            Иднината	со	текот	на	времето	ќе	биде	единствен	императив	за
            решавање	и	планирање	на	општествениот	развој.

            Наполеон	ќе	биде	познат	коњак,	светот	ќе	го	пие	со	голема	сласт,
            но	 дали	 Наполеон	 бил	 крал	 нема	 да	 биде	 многу	 важно.	 Ние
            мораме	 историјата	 да	 ја	 симнеме	 на	 пониско	 скалило,	 а	 да	 ја
            нагласуваме	 иднината,	 која	 треба	 да	 ни	 биде	 императив	 за
            размислување	и	решавање	на	сите	општествени	односи.

            Менување	 на	 негативните	 појави	 во	 општеството	 е	 неопходен
            чекор	 кој	 треба	 да	 се	 направи	 во	 иднина.	 По	 распадот	 на
            комунизмот,	со	паѓањето	на	Берлинскиот	ѕид,	капиталистичките
            земји	 почнаа	 да	 спроведуваат	 и	 применуваат	 закони	 во	 своите
            системи	од	социјалните	области	кои	се	применуваа во	бившите
            комунистички	земји.	Тоа	беше	добра	новина,	хумана	и	социјална
            политика.	Денешните	услови	кои	владеат	во	светот	наметнуваат
            потреба	 за	 подобрување	 и	 спроведување	 системи	 со	 кои	 ќе	 се
            воздигнат	и	подобруваат	и	другите	општествени	односи.

            Во	светот	е	неминовна	потребата	за	приближување	на	целината
            со	цел	да	се	почне	со	изедначување	во	светот.	Мора	светот	да
            увиди	 дека	 местото	 на	 живеење	 не	 е	 фактор	 за	 просперитет,
            егзистенција	и	сигурност.	Создавање	услови	за	подобар	живот	во
            целиот	свет	е	потреба	со	која	ќе	се	зголеми	во	квалитет	целиот
            општествен	однос.	Денешните	кризни	места	кои	ги	има	во	голем
            број	се	прв	приоритет	за	решавање.	Изреката	дека	не	треба	да	се
            мешаме	во	внатрешните	работи	на	независните	земји	треба	да
            се	 реши	 со	 делување	 на	 целината.	 Обединетите	 нации	 имаат
            мандат	да	се	борат	и	спроведуваат	политика	со	цел	да	заштитат
            луѓе	во	целиот	свет	кои	се	малтретирани	и	потчинети.

            Неминовната	 реорганизација	 на	 Обединетите	 нации	 треба	 да
            има	за	цел	да	ги	отфрли	денешните	негативни	системи	и	да	се
            вметне	нов	систем	каде	овластувањата	и	одговорноста	ќе	бидат

                                          136
   133   134   135   136   137   138   139   140   141   142   143