Page 141 - ЦЕЛИНА
P. 141

Зошто	човекот	се	бори	за	повеќе	материјални	добра?

            Најголемата	 причина	 е	 да	 има	 посигурна	 иднина,	 да	 биде	 на
            повисоко	 ниво	 од	 другите	 во	 живеењето	 и	 да	 му	 се	 исполни
            суетата.	Да	добие	нешто	што	му	било	недофатно	во	минатото.

            Човекот	 мора	 да	 е	 во	 сооднос	 со	 општествените	 односи,
            развивање	 на	 општествените	 односи	 дава	 нови	 видици	 и
            открива	нови	вредности.	Никогаш	брзата	промена	не	дава	добри
            решенија,	ниту	кршењето	на	старите	вредности	дава	позитивни
            резултати.	 Човекот	 има	 разум	 кој	 треба	 да	 се	 унапредува	 и
            користи	 за	 вистински	 решенија	 кои	 ќе	 му	 овозможат	 подобар
            живот.

            Сопственоста	 во	 иднина	 полека	 но	 сигурно	 ќе	 го	 ослободи
            првото	 место	 во	 разумот	 на	 човекот.	 Затоа	 е	 потребно	 да	 се
            создадат	услови.

            Создавање	или	признавање	на	целината	од	целото	општество	е
            првиот	чекор	што	треба	да	се	направи.

            Денес	 имаме	 затвори	 кои	 се	 нарекуваат	 поправни	 домови	 или
            слични	институции.	Едукацијата	мора	да	е	поинаква	за	да	даде
            резултати.

            Во	 сите	 градови	 имаме	 деградирани	 маала,	 тие	 продуцираат
            криминалци.	 Ретко	 од	 такви	 маала	 излегуваат	 квалитетни	 луѓе.
            Кој	е	виновен	за	оваа	состојба?
            Едноставно,	 системот	 на	 неорганизираноста	 на	 општеството.
            Организирано	општество	со	еден	интерес	е	добродетел	кој	ќе	ги
            запре	 сите	 војни	 и	 неправди	 во	 светот.	 Едукацијата	 е	 најважна
            работа	на	која	треба	да	се	посвети	внимание.
            Ако	 луѓето	 имаат	 сигурна	 егзистенција	 и	 секојдневно	 се
            подобруваат	условите	за	живот	луѓето	ќе	имаат	просперитет	во
            своето	живеење.	Таквата	состојба	ќе	доведе	до	стабилизирање	и
            намалување	на	криминал	од	секаков	вид.
                                          139
   136   137   138   139   140   141   142   143   144   145   146