Page 139 - ЦЕЛИНА
P. 139
на повисоко ниво.
Секој има право на нештата. Тоа е декларација, но недостасува
обврската на тој што дава и тој што бара. Тука е клучот што ги
става во апстракција сите права на човекот. Секој човек мора да
има право да се обрати во светското собрание за нарушените
права. Имањето право во вакви општествени односи поттикнува
многу прашања и чека одговори.
Десетте заповеди се дадени многу одамна и станале правила за
добро однесување. Универзалната декларација за правата на
човекот, прогласени од Обединетите нации, се чиста форма и тие
права ретко се земаат предвид или како основа во светските
закони или системи. Придобивките од декларацијата на ОН се
мали затоа што немаат здрав темел да се имплементираат.
Создавањето цврсти темели кои ќе бидат општествено признати
е неминовно и ургентно за спас на планетата Земја.
Денес имаме претставници во Обединетите нации од сите земји
на светот и првично сè е како што треба, но тоа не е така.
Причината за нефункционирање на ваков систем е во самата
основа на неговата организација и функционирање. Секоја земја
во светот има свои интереси и цели, нивните претставници во ОН
ги застапуваат интересите на своите земји. Кога имате интерес се
борите за него и притоа не се важни ниту моралот, ниту етиката,
ниту гледање на вистината.
Но, ако основата се смени и имате демократски избран пратеник
кој не е избиран од тие луѓе кои ги претставува, таков пратеник ја
гледа вистината и така ја презентира. Таквиот систем ќе биде
правичен и проблемот ќе биде решлив, носењето одлуки без
притисок ќе ги вклучи моралот и етиката, логиката ќе придонесе
да се согледуваат вистината и добрината, злото ќе се распознава
и отфрла.
Во случај кога имаме затемнување или изопачување на
моменталната состојба во општеството или, пак, излив на
137

