Page 145 - ЦЕЛИНА
P. 145
Навидум е нормално секоја држава да има свои интереси и цели.
Оправдувањето на државниот интерес е дека е нормално да
постои за да може народот што живее во таа држава да живее
подобро во иднина отколку што живее денес. Секој лидер го
истакнува интересот на својата земја за да добие повеќе
симпатизери и гласачи.
Анализирајќи го ова веднаш може да се заклучи дека во светот
имаме многу интереси, колку држави толку различни интереси.
Оттука, многуте различни интереси создаваат или раѓаат
конфликти. Секоја држава се бори на сите начини да ги оствари
своите цели за да го задоволи својот интерес.
Потребата од создавање единствена целина ќе ги зближи и
соедини разните интереси во еден компактен интерес, кој ќе ја
разоткрие целта на целото човештво.
Една цел раѓа и еден интерес, со самото тоа прогресот на
општеството би бил позабрзан и попродуктивен ако се создаде
целината.
Негативни елементи кои го има во сите денешни политички
системи се БИРОКРАТИЗМОТ И ДРЖАВНИОТ АПАРАТ.
Секоја држава за да опстане и да е во функција на остварување
на своите цели мора да има луѓе кои ќе се грижат државата да
функционира. Секоја држава мора да има претседател, влада,
амбасади, парламент, министерства, армија итн.
Ако се гледа површно, би дошле до заклучок дека овде нема
ништо спорно и сè е нормално, тоа се елементи кои мора да ги
има секоја држава.
Во секоја држава парламентите носат закони, извршната власт ги
спроведува законите и државата функционира. Државата прави
буџети, собира даноци од народот, гради и ја организира
државата итн.
143

