Page 144 - ЦЕЛИНА
P. 144
решение за состојбата да се подобри.
Постојат разни теории за стагнација на општеството кои служат
да го оправдаат денешниот систем, дека луѓето се такви и дека
борбата во која било смисла е дел од човекот. Тоа е неточно, и во
иднината нема да биде така. Човекот во иднина нема да дозволи
ниту ќе оправда некоја лоша намера. Во иднина индивидуалниот
интерес ќе се намалува, додека колективниот интерес ќе се
зголемува. Денес имаме моменти во кои колективниот интерес
се нагласува, но системот во кој живееме го разводнува,
проблемите кои ќе нè преокупираат утре се поважни. Кога ова ќе
го третираме, ќе дојдеме до заклучок дека денешниот
општествен однос нè држи во преса и не ни дава да
размислуваме и да ги менуваме работите на подобро.
За да навлеземе подлабоко мора да се објаснат системите кои
владеат денес во повеќето држави во светот.
Денешните политички системи во светот е потребно да се
анализираат со цел да се откријат негативните елементи кои се
вградени во суштината на политичките односи.
Денес во светот имаме различни политички системи, но во
коренот политичките односи имаат заеднички елементи.
Општествените односи се окупирани со неважни демагошки
теми, кои лидерите и многу институции ги нагласуваат како
важни и примарни.
Имаме медиуми кои се користат за цели на одредени заедници,
да го подигнат моралот на своите гледачи со цел да се остварат
интереси кои во суштина се застарени и не даваат општествен
развој во целината.
Негативен елемент во сите денешни политички системи е
ИНТЕРЕСОТ.
142

