Page 147 - ЦЕЛИНА
P. 147

Поголемата	 штета	 е	 што	 тие	 луѓе	 со	 својата	 бројност	 создаваат
            бирократска	класа,	која	се	бори	и	индивидуално	и	колективно	за
            своите	права.

            Во	 иднина	 нè	 чекаат	 големи	 предизвици,	 погледнете	 нагоре,
            илјадници	 планети,	 предизвик	 да	 се	 посетат,	 а	 ние	 се
            занимаваме	со	безвредни	и	измислени	непродуктивни	суштини.
            Погрешен	е	ставот	дека	живееме	во	пренаселена	планета	и	дека
            се	 потребни	 војни	 или	 вештачки	 епидемии	 за	 да	 се	 намали
            бројот	на	населението.	Неорганизирано	општество	впива	многу
            негативни	болести	кои	секојдневно	се	шират	и	ги	уништуваат	и
            здравите	делови	на	општеството.

            Негативен	 елемент	 во	 сите	 денешни	 политички	 системи	 е
            НЕЕДНАКОВ	ОБРАЗОВЕН	СИСТЕМ.
            Денес	 државите	 имаат	 образование	 кое	 работи	 под	 закони
            донесени	   од	   своите	   парламенти,	   спроведувани	   од
            министерствата	 за	 образование	 или	 слични	 институции	 кои	 се
            грижат	за	училишниот	систем.
            При	едукацијата	на	младата	популација	имаме	различни	истории
            од	 причина	 што	 секоја	 земја	 тргнува	 од	 својот	 интерес.
            Различните	учења	продуцираат	различни	карактери	во	целината.
            Како	 прво,	 историјата	 е	 непотребна	 затоа	 што	 таа	 со	 својата
            различност	продуцира	многу	национализам,	расизам	и	создава
            конфликти	и	војни	помеѓу	државите.	Иднината	е	многу	поважна
            од	историјата.	Предметот	ИДНИНА	треба	да	го	замени	предметот
            историја.

            Во	 светот	 треба	 да	 има	 исти	 учебници.	 Пример,	 учебникот	 за
            математика	во	први	клас	и	во	сите	други	класови	погоре	мора	да
            е	 еднаков	 во	 целиот	 свет.	 Во	 природните	 науки	 и	 во
            општествените	науки	не	треба	да	има	никаква	разлика.	Диплома
            од	Индија	мора	да	е	идентично	важна	како	од	која	било	земја	во
            светот.	 За	 вакви	 промени	 мора	 да	 помине	 време,	 но	 ваквите
            промени	 мора	 да	 се	 планираат,	 а	 не	 да	 бидат	 импровизирани

                                          145
   142   143   144   145   146   147   148   149   150   151   152