Page 137 - ЦЕЛИНА
P. 137
Познатите империи во светот историски имале егоистички цели,
тие не ја гледале како своја државата што ја освојувале, туку
само ја експлоатирале. Секоја држава имала за цел да живее
подобро од другите, тоа бил императивот. Денес е слично, но тоа
се изразува на малку затскриен начин. Имаме луѓе кои се борат
за човекови права и одат во кризните подрачја да помогнат во
смирување на тензиите. Тоа не се лоши намери, тоа се добри и
искрени изразени чувства за помош и решавање на лошите
тензии кои ги имаме денес.
Субјективната помош е добредојдена, но во суштина
проблемите владеат и се намножуваат секојдневно во целиот
свет. Решението на денешните проблеми треба да е длабинско и
трајно.
Заболен човек од канцер се лекува со целосно отстранување на
канцерот од телото, а не со парцијални решенија.
Суштината на денешните проблеми е проста, но таа е изразена
во различни форми за да се замати водата. Суштинскиот
проблем се решава со идентичен пристап кој нема да е
селективен и релативизиран. Дијалектичкиот реализам во
самата основа мора да е општествено признаен (ако не е
општествено признаен, тој не може и нема да биде дијалектички
реализам). Потврдата дека општеството го признава мора да е
демократски потврдена. Луѓето од целиот свет мора да се
едуцираат и да воочат дека еден општествениот интерес ќе
донесе подобри општествени односи, а со тоа и поголемо
индивидуално задоволство, среќа и спокојство.
Оттука логично е да се почне со создавање тело или институција
кое ќе ја апсорбира волјата на целото општество. Тоа тело треба
да биде во постојана комуникација со општеството за да
наметнува и создава закони кои би биле во функција на
подобрување на општествените односи во целина.
Демократскиот пристап на целокупно општествено однесување
во еднаков систем за целиот свет е неминовен процес.
135

