Page 136 - ЦЕЛИНА
P. 136

Во	моментот	кога	ќе	признаеме	дека	целината	е	цела	и	хомогена
            маса,	тогаш	ќе	влеземе	во	ново	општествено	уредување	во	кое
            човекот	ќе	ги	распознава	човечките	вредности	и	ќе	го	достигне
            етичкото	живеење.	Осознавањето	на	суштината	ќе	донесе	нови
            прогресивни	 општествени	 односи	 во	 кои	 колективниот	 интерес
            ќе	преовладува.

            Историјата	 како	 научна	 дисциплина	 е	 растргната	 од	 страна	 на
            различни	 нации	 и	 групации.	 Секој	 си	 тера	 по	 свое.	 Старата
            изрека	дека	победниците	ја	пишуваат	историјата	не	е	далеку	од
            вистината.	 Релативната	 историја	 што	 се	 учи	 за	 популистички
            интереси	 е	 причина	 за	 раздвојување	 на	 целината.	 Да	 не	 ги
            набројуваме	 многуте	 влијанија	 со	 кои	 историјата	 ја	 дели
            целината,	историјата	е	еден	елемент	што	ги	поделува	луѓето	и	го
            труе	 општеството.	 Историјата	 има	 придонес	 во	 откривањето	 и
            зачувувањето	на	мудри	луѓе	кои	сакале	да	помогнат	човекот	да
            живее	 подобро	 од	 денес.	 Таквите	 ликови	 не	 треба	 да	 се
            забораваат,	но	историјата	како	наука	треба	да	се	заборави.

            Велат	дека	држава	се	создава	од	народ	кој	има	своја	историја	и
            култура	и	нешта	што	се	различни	од	другите	држави.	Добро,	ако
            е	 така,	 тогаш	 која	 нација	 биле  Адам	 и	 Ева?	 Нели	 сите	 ние
            потекнуваме	од	нив?	Ако	се	земе	предвид	дека	оваа	теза	е	точна,
            едноставно	сите	ние	сме	роднини,	браќа	и	сестри.	Од	ова	следи
            прост	 заклучок	 дека	 историски	 на	 сите	 луѓе	 во	 целиот	 свет
            коренот	им	е	ист	или	идентичен.	Тогаш	мора	да	поставиме	едно
            просто	прашање.

            Дали	големите	личности	од	различни	нации	се	постари	од	Адам
            и	Ева?

            Историјата	 е	 релативна	 наука,	 таа	 едноставно	 не	 придонесува
            ниту	 придонесувала	 за	 напредок	 на	 општеството.	 Таа	 само
            заведувала	цели	нации	и	создавала	војни.	Од	историјата	можеме
            само	да	земаме	примери	како	не	треба	да	мислиме	и	делуваме.



                                          134
   131   132   133   134   135   136   137   138   139   140   141