Page 135 - ЦЕЛИНА
P. 135

и	да	ја	создадеш	целината.

            Национализам	 и	 расизам	 се	 едни	 од	 најголемите	 пречки	 за
            развој	 на	 општеството.	 Националните	 вредности	 и	 интереси	 на
            една	нација	се	поставуваат	над	други	нации.	Таквата	состојба	на
            една	 држава	 со	 национални	 вредности	 влече	 корен	 од	 многу
            одамна.	 Таквата	 состојба	 се	 добила	 од	 здружување	 на	 еден
            колектив	или	група	луѓе	за	свои	интереси	и	корист.	Опстанокот	и
            прогресот	 на	 еден	 колектив	 или	 на	 една	 држава	 се	 состои	 во
            зајакнување	 на	 државниот	 морал	 со	 кои	 членовите	 на
            колективот	или	државата	мислат	дека	се	подобри	од	другите	или
            тежнеат	да	бидат	подобри	од	другите.

            Државниот	морал	е	во	суштина	неморал	со	кој	се	создава	зло,
            или	 државата	 според	 својата	 поставеност	 и	 функционирање
            создава	неспокој	за	друга	држава.	Дисквалификација	на	другите
            и	 создавање	 супериорност	 на	 своите	 создава	 поделби,
            конфронтација,	 нетрпеливост	 и	 војни.	 Различниот	 интерес	 или
            поделениот	интерес	меѓу	државите	е	главна	пречка	за	развиток
            на	 општеството.	 Историските	 војни	 и	 конфликти	 владееле	 и
            владеат	поради	непризнавање	на	целината.
            Втората	 поделба	 која	 создава	 негативни	 и	 злобни	 дејствија	 е
            расизмот.

            Вештачки	создадените	нации	и	расизмот	кои	постојат	е	реалност
            денес,	оваа	состојба	мора	да	се	надмине	во	иднината.	Целината,
            водена	 и	 управувана	 од	 демократски	 дијалектички	 реализам,
            полека	но	сигурно	ќе	создаде	состојба	во	која	национализмот	и
            расизмот	ќе	изумрат.

            Интересот	 го	 создава	 стремежот,	 силната	 желба,	 усилба	 и
            амбицијата	 да	 се	 постигне	 нешто.	 Општествените	 односи
            создаваат	различни	интереси,	а	тие	создаваат	различни	закони	и
            различни	уредувања	во	различни	делови	од	целината.	Сè	додека
            не	се	разбере	дека	целината	е	вистинска	целина	и	таа	треба	да
            постои	и	владее,	сè	до	тогаш	ние	ќе	се	наоѓаме	во	претчовештво.

                                          133
   130   131   132   133   134   135   136   137   138   139   140