Page 134 - ЦЕЛИНА
P. 134
и одело понатаму. Денес е иста состојбата, но третата светска
војна би значела крај на општеството.
Организирано општество не постои, територијални водачи се
прогласуваат за месии кои ќе го спасат светот.
Релевантни луѓе кои би можеле да делуваат едноставно се
завиткани во фолија поради некоја своја непозната причина.
Храброста е уништена и дисквалифицирана.
Гниењето е толку очигледно и смрди насекаде. Да ви биде
појасно, токму во овој миг на еден од ТВ каналите ја кажуваат
веста дека во Орландо на Флорида се убиени над 50 лица во
некој ноќен клуб.
Убиецот е Американец со авганистанско потекло.
Нов општествен поредок од страна на некакви масони е само
тема на полемики, во суштина сè е само заговор или нова
измама. Луѓе стануваат членови на такви квази организации
само од лична корист.
Хаос! Лажна демократија, лажна теологија, лажно верување,
големи невистини и што ли не.
Нема друг избор, една целина и нова општествена организација
и нов систем е единствениот излез од денешната состојба.
Мораме возот кој избегал од шините да го вратиме на своето
место. Никаква револуција, никакви крвопролевања не се
потребни ниту неопходни. Едноставно е потребно ширење
позитивна енергија и големо единство за спас на целото
општество. Демократски систем или демократски дијалектички
реализам со реорганизирање на Обединетите нации или со
создавање нова светска институција е единствен можен иден пат
кон иднината во целиот свет. Организираната целина е
единствениот пат кој општеството ќе го издигне на повисоко
скалило. Толку просто и едноставно, неколку делови да ги споиш
132

