Page 133 - ЦЕЛИНА
P. 133
Демократскиот дијалектички реализам со своите карактеристики
мора да се спроведува со цел да не се дозволи искористување и
навлегување на демагогијата. Луѓето треба да владеат сами со
себе, соодносот меѓу единките треба да е регулиран за да
добиеме среќни и задоволни луѓе во една целина.
Чудно време, нагласен егоизам, распарчен морал, легализирана
неетичност, теологија без суштина, непочитување на ништо што е
вредно. Се чувствува незадоволство од сите страни.
Се добива впечаток дека животот е краток и треба да се
искористи и да се излиже сè до крај. Чудно некое време,
непочитување на никого и ништо. Имаме здружување на
изопачени делови, кои се излитени и недооформени.
Кој го наметна овој стил и темпо на живот, кој добива и што сака
да постигне? Луѓето бегаат од родното огниште во непознати
краишта како стадо тревопасни животни.
Се појавуваат митови без суштина, тие немаат лоша приказна, а
не, пак, добра, тие се толку далеку од вистината, која се мери со
бесконечност.
Што се случува? Во некоја оаза живеат таканаречени човекови
суштества и мислат дека сè е нормално и добро, а не откриваат
дека доаѓаат силни тајфуни и ќе ги снема, како мравојад кога ја
става својата сурла во дупката полна со мравки. Дали е тоа целта
на некои управители?
Некој ѓавол се смее со ментално болниот ум, се задоволува и
гледа хорор филм и се дразни до бескрај. Се смее и вели:
„Јас сум стар, ќе умрам, но и вие со мене, јас сум силен, немам
ништо заедничко со вас, ќе ве уништам“.
Во историјата имало војни, луѓе гинеле на бојното поле,
победниците славеле, но потоа сè било по старо. Сè се враќало
на свое место, животот продолжувал, општеството се развивало
131

