Page 132 - ЦЕЛИНА
P. 132

радоста,	мораме	да	го	унапредуваме,	прошируваме	и	откриваме.
            Ние	 мора	 да	 растеме	 и	 да	 се	 развиваме.	 Ние	 мора	 да	 се
            искачиме	на	повисоко	ниво.

            Не	 е	 храброст	 да	 се	 убива	 човек,	 тоа	 е	 мизерно,	 брутално	 и
            животински	или	нечовечно.	Храброст	е	кога	правиш	добро	дело
            што	е	корисно	за	тебе	и	за	другите.	Храброст	е	кога	даваш	голем
            напор	 за	 откривање	 или	 создавање	 на	 нешто	 што	 ќе	 биде
            корисно	за	општеството.	Во	историјата	такви	луѓе	постоеле	и	тие
            се	вечни.
            Организирано	општество	мора	да	е	наша	цел,	во	кое	храброста
            ќе	биде	насочена	кон	остварување	на	целта,	во	која	живеењето
            на	луѓето	ќе	биде	подобро.

            Денешните	цели	од	типот	да	ми	пее	на	свадба	некоја	мега	ѕвезда,
            или	 некоја	 желба	 од	 сличен	 карактер,	 се	 во	 суштина	 да	 видат
            колку	 сум	 моќен,	 богат,	 силен,	 за	 во	 утрешниот	 весник	 да	 се
            појавам	на	насловната	страница,	луѓето	да	зборуваат	за	мене	и
            со	тоа	да	бидам	исполнет	и	среќен	човек.
            „Што	зборува	овој,	за	оваа	случка	ќе	пишува	целиот	свет	и	мојата
            сакана	Џесика	ќе	слушне	и	ќе	биде	многу	љубоморна	и	така	ќе	ѝ
            биде	многу	криво	што	ме	откачи“.

            За	жал,	ова	е	денешната	вистина.

            Денешните	 лаги	 и	 измами	 се	 навлезени	 во	 системот	 на	 сите
            општествени	 односи,	 тие	 се	 препознаваат	 и	 во	 сите	 пори	 на
            општеството.	 Се	 убиваат	 и	 дисквалифицираат	 луѓе	 за	 лични
            недефинирани	 задоволства.	 Ѓаволот	 влегол	 во	 сите	 нас,	 тој
            владее	 со	 нас,	 прво	 мора	 да	 си	 го	 признаеме	 тоа	 за	 да	 го
            отфрлиме	и	уништиме.

            Филозофијата	треба	да	е	алатка	со	која	луѓето	би	се	упатувале	на
            патеката	која	води	до	патот	на	правилен	општествен	развој.


                                          130
   127   128   129   130   131   132   133   134   135   136   137