Page 131 - ЦЕЛИНА
P. 131

Секој	 човек	 има	 цел	 во	 животот,	 да	 биде	 среќен	 и	 спокоен.
            Колективната	 среќа	 ја	 дава	 и	 индивидуалната	 среќа.	 Среќен
            индивидуум	или	среќа	во	мал	круг	не	постои,	таквата	среќа	е	во
            суштина	празна,	тоа	е	суетна	среќа	која	изумира	во	развиена	и
            спокојна	 целина.	 Моралот	 не	 се	 дели,	 моралноста	 е	 вечна
            карактеристика	за	сите	луѓе	на	планетата	Земја.	Светскиот	морал
            не	 се	 дели	 и	 никој	 не	 може	 да	 го	 присвојува,	 целосно
            демократски	 дијалектички	 реализам	 за	 современа	 целина	 ќе
            обезбеди	 слобода	 и	 права	 за	 секој	 човек	 во	 општеството,
            етичкото	 однесување	 на	 луѓето	 и	 алтруизмот	 во	 светот	 се
            постигнуваат	само	во	целината.
            Лагата	 околу	 чувствата	 секогаш	 постоела.	 Но	 со	 лагата	 не	 се
            постигнува	 чувство	 на	 среќа.	 Празната	 заклучена	 соба	 која	 за
            никого	 не	 се	 отвора	 е	 со	 цел	 никој	 да	 не	 ја	 види	 празнината
            внатре,	која	фактички	постои	кај	сите	луѓе	од	светот.
            Материјалното	е	во	суштина	празнина.	Нас	нè	води	идејата	дали
            другите	нè	ценат	или	нè	озборуваат,	тоа	ни	е	најважно,	важно	е
            дали	владееме	со	околината	и	дали	околината	нè	цени	и	дали	ни
            завидува	за	тоа	што	го	поседуваме	и	како	тоа	ќе	го	презентираме
            за	 да	 бидеме	 во	 центар	 на	 вниманието.	 Се	 задоволуваме	 кога
            некој	ќе	ни	каже	дека	сме	паметни	и	спокојни.	Ваквиот	систем
            нема	 вредности.	 Славата	 е	 секогаш	 храна	 за	 да	 се	 наполни
            собата	 со	 чувствата	 што	 ги	 поседуваме,	 колку	 и	 да	 ја	 полниме
            денес,	утре	нема	ништо,	сè	испарува.

            Наредниот	 ден	 пак	 носиме,	 ставаме,	 ја	 полниме,	 но	 следниот
            ден	собата	е	празна.

            Гладниот	човек	има	инстинкт	да	се	бори	за	да	преживее,	тоа	е
            нормална	реакција.	Цивилизирано	и	организирано	општество	ќе
            создаде	можност	да	се	менуваат	и	унапредуваат	општеството	и
            единката.	  Денешната	   несигурност	  е	  голем	  мотив	   за
            индивидуална	 борба	 со	 која	 се	 создава	 злото.	 Главниот	 мотив
            или	 денешна	 цел	 е	 индивидуалните	 чувствата	 да	 бидат
            ограничени.	 Духот,	 кој	 е	 сублимат	 на	 среќата,	 спокојството	 и
                                          129
   126   127   128   129   130   131   132   133   134   135   136