Page 130 - ЦЕЛИНА
P. 130

Позната	е	реченицата	на	Јохан	Фихте:

            „Јас	треба	нешто	да	правам	за	тоа	да	се	случи“.

            Тоа	иницира	или	поттикнува	свест	за	нужна	постојана	активност
            на	човекот.	Затоа	Фихте	инсистира	дека	е	суштествена	моралната
            волја,	како	вруток	и	поттик	за	дејствување.	Тој	вели,	вистинскиот
            повик,	задача,	односно	мислење	на	човекот	е	да	се	стреми	кон
            возвишување	кон	совршенство,	кон	бескрајно	усовршување.

            За	да	се	усовршува	и	напредува	човекот	треба	да	создаде	услови
            и	систем	на	колективна	демократска	еднаквост	на	управување	и
            организирање.	 Општествено	 признавање	 на	 демократското
            организирање	 е	 единствен	 начин	 за	 прогрес	 на	 општеството.
            Само	 задоволни	 луѓе	 може	 да	 се	 организираат	 и	 да	 се
            изедначуваат.	 Моралот	 и	 етичкото	 однесување	 може	 да	 се
            издигнат	 и	 владеат	 само	 во	 една	 целина	 во	 која	 ќе	 има	 еден
            интерес.	 Сè	 друго	 е	 магла	 од	 демагогија,	 која	 ги	 создава
            проблемите	во	светот.

            Достоинството	 на	 човекот	 е	 загрозено,	 задушувањето	 на
            достоинството	на	луѓето	во	светот	предизвикува	незадоволство.
            Незадоволен	 човек	 своето	 незадоволство	 го	 открива	 и
            демонстрира	 на	 разни	 начини.	 За	 да	 се	 прифати	 и	 осознае
            добрината,	 човекот	 треба	 да	 е	 задоволен	 и	 да	 има	 волја	 да	 ги
            распознае	и	промени	нештата.

            Судбината	 на	 човекот	 е	 во	 бесконечно	 усовршување	 на
            човештината,	 одењето	 нагоре	 е	 нашата	 основна	 цел.	 Човекот
            треба	 да	 сфати	 што	 е	 негова	 должност	 и	 што	 треба	 да	 прави.
            Колективното	 живеење	 е	 единствен	 пат	 кој	 ни	 претстои	 во
            иднина.	 Форсирани	 нации	 и	 колективи	 во	 историјата	 дадоа
            негативни	дејства	во	општеството.	Денес	таинствените	владетели
            кои	го	управуваат	светот	мора	да	разберат	дека	нивната	суета	на
            лидери	не	даде	добри	резултати,	како	за	општеството,	така	и	за
            нив	самите.


                                          128
   125   126   127   128   129   130   131   132   133   134   135