Page 129 - ЦЕЛИНА
P. 129
Денес дневно се убиваат повеќе луѓе во светот од кога било.
Ваквата состојба создаде кризи во општеството, лоши
меѓудржавни односи, економски кризи, хиперпродукција,
пораснат национализам, зголемен расизам, проширување на
разни релативно нови заразни болести и други индивидуални
зла создавани од суетни или непросветени луѓе.
Состојбата во светот е многу лоша, нема ниедна држава во
светот што не е засегната со проблеми. Неорганизираноста на
општеството се користи за да се наметнат индивидуални користи
и цели.
Организирано општество со поддршка на дијалектичкиот
реализам е единствен општествен лек или исцелувач да го
оздрави општеството или целината. Заздравување и насочување
на општеството во добра насока треба да е цел во иднина.
Човекот е одговорен за она што се случува во светот. Решението
за денешните проблеми насекаде во светот може да го
пронајдат само тие што се засегнати од нив, човекот во глобала е
потиштен, некој повеќе некој помалку, нема задоволни и среќни
луѓе.
Луѓето во светот треба да се просветат и да ја признаат целината
која постои од века, потоа треба да се открие јавно, да се
признае дека во светот нема организирано општеството. Самото
признавање ќе наметне пат за решавање на проблемите во
целината, таквата состојба ќе даде колективна волја за
откривање на доброто живеење.
Добро живеење на човекот во кое добрината ќе расте, а злото ќе
се намалува е можно само во организирано општество кое ќе го
применува дијалектичкиот реализам како основен систем за
организирање на таквото демократско општество.
127

