Page 128 - ЦЕЛИНА
P. 128

Сиромавиот	се	бори	духовно	и	физички	за	да	биде	богат,	за	да
            биде	среќен	и	спокоен.	Таквите	мисли	и	заблуди	дека	со	тоа	ќе
            бидеме	спокојни	и	среќни	се	лажни.	Низ	историјата	имало	такви
            случаи,	 целта	 се	 постигнувала,	 но	 спокојството	 никогаш	 не	 се
            добило.	 Денес	 околината	 завидува	 на	 лажниот	 спокој,	 но
            човековиот	 дух	 останал	 празен.	 Зависта	 е	 човекова	 тревога
            спрема	некого	поради	неговиот	успех.	Денес	тие	чувства	постојат,
            будењето	 на	 волјата	 да	 се	 направи	 нешто	 од	 завист	 има
            негативно	значење,	со	што	се	раѓа	злобата,	која	е	сè	поголема.

            Да	си	добар	е	светост,	суштествување	на	доброто	и	дејствување
            со	добро	се	добива	во	целината.	Општественото	признавање	на
            нештата	 ќе	 го	 издига	 доброто,	 а	 ќе	 го	 уништува	 злото	 во
            целината.	Општествените	односи	создаваат	состојби	и	ситуации
            кои	се	моментални	или	долгорочни	и	тие	зависат	од	карактерот
            на	 општествените	 односи.	 Секогаш	 злото	 и	 доброто	 владееле.
            Доброто	 било	 нагласувано	 од	 многу	 филозофи,	 но	 злото	 било
            наметнувано	 од	 општествените	 односи.	 Таквиот	 однос	 трае	 со
            векови.	Интересот	го	создава	злото,	добрината	водела	борба	и	се
            конфронтирала	 со	 злото.	 Денес,	 како	 и	 низ	 историјата,
            истакнувањето	 на	 доброто	 не	 секогаш	 било	 водечко,	 всушност
            злото	било	прикажувано	како	добрина.

            Општествените	односи	традиционално	низ	времето	ја	менувале
            формата,	 но	 суштината	 останувала	 иста.	 Денес	 имаме	 луѓе	 кои
            живеат	полошо	од	некои	робови	од	минатото.	Човекот	мора	да
            биде	 интегриран	 од	 општеството,	 дезинтеграцијата	 на
            поединецот	 од	 државата	 е	 зло	 како	 за	 единката	 така	 и	 за
            околината	во	која	живее.

            Развојот	на	општеството	денес	е	релативно	на	високо	ниво,	тоа	е
            резултат	 од	 капиталистичкиот	 општествен	 систем.	 Таквиот
            развиток	овозможи	мал	број	луѓе	да	добијат	голема	моќ	и	со	тоа
            да	 делуваат	 на	 општеството.	 Злото	 се	 рашири	 и	 зголеми	 од
            ваквите	општествени	односи.


                                          126
   123   124   125   126   127   128   129   130   131   132   133