Page 127 - ЦЕЛИНА
P. 127
Филозофијата треба да се упростува, а во исто време да се шири.
Упростувањето е од неопходност да се гледа јасно како треба да
живееме и таквиот општествен однос да биде општествено
признаен. Ширењето на филозофската мисла треба да биде
квантитативно зголемено за да се добие во квалитет.
Апстрактните ставови мора да се избиструваат и проучуваат со
цел да се навлезе подлабоко за да се зголеми квалитетот.
Избистрен и јасен став што ќе добие општествено признавање
мора да се почитува од страна на целината. Иста едукација за
сите мора да се почитува и спроведува во целината. Во таков
поставен систем незадоволството на поединци или групи од ден
на ден ќе се намалува, со што ќе се добие подобар развој на
целокупниот разум и интелектуална способност.
Денешните општествени односи резултираат со раздвоеност и
поделеност, таквиот денешен однос е исполнет со негативности
кои вршат голем притисок на целината. Мали групи внесуваат
забуна во целиот систем, мислат дека тоа е единствениот начин
со кој ќе дојдат до своите цели. Луѓето стравуваат и си
поставуваат цели да најдат спокој.
Индивидуалното спокојство во суштина е нецелосно и како такво
е лажно или неисполнето. Колективното спокојство има
содржина. Индивидуалецот живее во однос со општеството,
поради тоа тој не може да биде спокоен ако другите не се
спокојни. Парите го носат спокојството е само изрека, желба,
но не и реалност. Качувањето нагоре треба да биде пат во
иднината.
Материјалното или работите што нè опкружуваат или личните
имоти што ги поседуваме се недефинирани во нашиот разум.
Среќата што ја чувствуваме е во паралелниот однос со тоа што
поседуваме, од тие причини среќата е повремена и не владее во
општеството.
125

