Page 126 - ЦЕЛИНА
P. 126
Големината на Спенсер е што дошол до видување на општото
корисно и на ползата од создавање целина.
Хана Арент (1906-1975) е политички филозоф на 20-тиот век.
Хана пишува за теми како можност и услови за хуман и
демократски јавен живот, за силите кои се закануваат на таков
живот, за конфликтот помеѓу приватниот и јавниот интерес.
Нејзините списи покриваат многу различни теми, опфаќа
прашања како што се тоталитаризам, револуција, природа на
слободата, слобода на размислувањето и судењето, историја на
политичката мисла, и така натаму.
Таа во суштина размислува за прогрес и наоѓање начин луѓето да
живеат подобро. При тоа, таа доаѓа до строги критики на
традиционалното во политичката филозофија, на опасноста што
тие ја претставуваат за политичката сфера како автономна и
домен на човековата практика. За Хана човековото доаѓање во
светот се изедначува со појавата на слободата во вселената;
човекот е слободен бидејќи тој е почеток.
Слободата е природно нешто што секој човек мора да го има,
слободата не смее никогаш да биде загрозена од никого. Во
една целина слободата и слободното делување и мислење ќе
бидат во согласност со општеството.
Филозофија е комбинација на грчките зборови „филиа“, што
значи љубов, и „софија“, што значи мудрост. Филозофијата е
наука чија цел е стекнување знаење и мудрост во врска со
општите начела. Оттука може да се каже дека филозофијата е
наука за откривање на вистината со која човекот треба да живее
подобро и да оди во правилна насока. Љубовта кон луѓето и
природата со помош на мудроста и реалноста се главни
елементи со кои ќе се открие добрината. Филозофијата помага
да се дојде до правилен суд за нештата и за збиднувањата, како
и да се совладаат човековите тешкотии. Филозофијата се залага
духот да се воздигне над болката и задоволството.
124

