Page 125 - ЦЕЛИНА
P. 125

истакнува	дека	науката	е	способна	да	ги	открие	законитостите	во
            движењето	на	феномените.


            Многу	 значајно	 е	 увидувањето	 на	 Спенсер	 дека	 целината,	 или,
            како	што	вели	тој,	интеграцијата,	е	иден	процес	за	човекот.

            „Со	подемот	на	општеството	безмилосната	борба	за	опстанок	во
            примитивните	заедници	сè	повеќе	ќе	се	заменува	со	сè	поголема
            интеграција	помеѓу	луѓето“.

            Спенсер	вели	дека	еволуцијата	на	сите	полиња	води	кон	висок
            развој,	па	и	општествениот	развој	ќе	дојде	до	состојба	во	која	ќе
            се	 изедначат	 единечните	 и	 општите	 интереси,	 со	 што	 ќе	 се
            намалува	и	количеството	на	зло.

            Една	од	големите	мисла	на	Спенсер	е:

            „Од	доктрината	на	органската	еволуција	неизбежен	е	заклучокот
            дека	највисокиот	тип	на	живи	суштества	мора	да	продолжи	да	се
            оформува	 во	 согласност	 со	 оние	 барања	 што	 ги	 наметнуваат
            околностите.	 И	 моралните	 промени	 се	 наоѓаат	 помеѓу	 овие
            промени“.

            Спенсер,	 како	 и	 многу	 други	 филозофи	 од	 историјата,	 спознал
            дека	 целината	 е	 врв	 на	 етичкото	 однесување.	 Човештината	 ја
            добиваме	 во	 целина	 со	 интеграција	 на	 целиот	 свет.
            Изедначување	 на	 индивидуалниот	 интерес	 со	 општествениот
            интерес	 се	 добива	 во	 една	 целина	 во	 која	 неправдата	 се
            намалува	и	со	текот	на	времето	злото	исчезнува.

            Денешните	 односи	 во	 светот	 доведоа	 или	 создадоа	 криза	 во
            општеството	на	сите	полиња,	суштината	е	под	притисок	на	многу
            делувања	кои	предизвикаа	депресија	кој	луѓето.	Општествениот
            развој	 резултира	 со	 големи	 технолошки	 пронајдоци	 кои
            создадоа	услови	за	промена	на	општествените	односи.	Целината
            и	 нејзиното	 признавање	 или	 создавање	 е	 единствената
            алтернатива	 што	 се	 наметнува	 за	 да	 се	 реши	 проблемот.


                                          123
   120   121   122   123   124   125   126   127   128   129   130