Page 124 - ЦЕЛИНА
P. 124
Искуството кое се здобива во различи околини или заедници
има големо значење за оформување на карактерот на човекот.
Просветлувањето и добивање универзално искуство имаме во
една оформена целина во која довербата расте и придонесува за
добар развој на општеството. Денешната поделеност на
целината создава луѓе кои се со голем квалитет и луѓе со мал
квалитет на знаење, таквата диспропорција дава нееднаквост
која создава зло.
Исак Њутн (1642-1727), англиски физичар, математичар,
астроном и филозоф, првенствено бил физичар. Њутн дал
придонес и во областа на филозофијата. На пример, интересна е
неговата работа во доменот на методологијата на научното
истражување. Во своите истражувања Њутн ги комбинирал
методите индукција и дедукција во експерименталното
проучување.
За подобрување на денешните општествени односи ние мора да
сметаме на разни методи за пронаоѓање на вистината.
Дијалектичкиот реализам дава можност секогаш да се открива
нова вистина, тој е флексибилен поради неговиот основен
елемент што треба да биде општествено признаен. Кога
општеството или целината ќе одобри некоја општествена идеја
тогаш ќе дојде до општествено признавање. Ова би значело
намалување на ризикот од неуспешност на опитот, правење
грешки со последици не се можни. Идеја за општествен развој
од страна на дел на целината секогаш била погрешна и
последиците биле големи.
Методи за пронаоѓање на добрината треба да се наша цел и
обврска денес, затоа што општествената добрина создава и
општествена корист.
Херберт Спенсер (1820 - 190) е роден во англискиот град Дерби.
Спенсер се определил да ги опишува феномените на светот и на
човечкото постоење. Неговите погледи се емпириски, нагласено
води сметка за фактите и за развојот на појавите. Спенсер
122

