Page 123 - ЦЕЛИНА
P. 123
нашите верувања за тоа. Лок имал голем придонес во
надградување на човекот, каде основните делови кои се
предуслов за унапредување на општествените односи се
искуството, знаењето, идејата, верувањето и мислата.
Општествената надградба на знаење и разбирање е предуслов
за правилен развој на општеството. Задоволно општество се
постигнува со изедначување на условите во воспитувањето, со
што човекот се здобива со знаење, вештина и умеење. Таквата
состојба ќе донесе и оформи карактери кои ќе го примаат
доброто, а ќе го отфрлаат злото.
Најголема пречка за правилен развој на човекот е нееднаквиот
пристап при стекнување искуство и знаење. Со третирање на
овој проблем и негово решавање неминовно ќе добиеме
резултат што ќе биде прогресивен. Мислата во вакви околности
ќе се издига и проширува. Верувањето и мислата мора да се
ослободат од притисокот што постои за да добиеме поголема
вредност во општествените односи.
Кога станува збор за подобро живеење, тогаш се мисли за збир
на единки, а не за единка. Една единка и подобрување на
нејзиното живеење се постигнува во колектив на единки,
подобрување на една единка во живеењето е стагнирање или
уназадување во живеењето на другите, таквата состојба носи
незадоволство со кое се создава зло.
Општеството не го дели човечкиот живот на повреден и помалку
вреден, самиот систем на расцепканост на целината го создава
тој однос. Ова е основниот суштински проблем што треба да се
менува.
Многу поделени квантитети создаваат разделени квалитети во
целината, таквата состојба не овозможува добар развој на
општеството. Квалитетите во една држава не се квалитети за
друга држава со повисоки критериуми за квалитет.
121

