Page 122 - ЦЕЛИНА
P. 122
преку нашето искуство за светот. Знаењето се состои од посебен
вид однос помеѓу различни идеи. Во политиката, Лок е најдобро
познат како поборник за ограничена влада. Тој ја користи
теоријата на природните права и тврди дека владите имаат
обврски кон своите граѓани, дека имаат само ограничена моќ
над своите граѓани и, во одредени околности, може да бидат
симнати од власт од страна на граѓаните.
Искуство се стекнува со споделување и впивање на тоа што
човекот сам го доживеал. Знаење без искуство не може да ја
види светлината на моралот и без тоа не може да се долови
доследноста на етичкиот збор. Искуството во сооднос со
знаењето дава поголема корист за општеството и за единката.
Лок сфаќа дека за да се има напредок е потребно прво да се
испита посуштински човечкото разбирање. Лок увидел дека пред
да се анализира светот и нашиот пристап кон него, потребно е да
се знае нешто за себе. Треба да се разбере и открие како ние се
здобиваме со знаења.
Лок го расчисти теренот и ги постави темелите за работа на
познати научници како Роберт Бојл и Исак Њутн.
Лок напишал есеј кој е поделен во четири книги. Во Книга прва
Лок тврди дека нашето знаење не може да биде вродено. Со ова
ја поставува Книга II, во која Лок вели дека сите наши идеи
потекнуваат од искуство. Книгата III е дигресија, каде Лок го
свртува своето внимание кон јазикот и улогата што ја игра во
нашето теоретизирање.
Главната цел на Лок е предупредувачка, тој смета дека јазикот е
често пречка за разбирање и тој нуди некои препораки за да се
избегне забуната.
Конечно, книга IV дискутира за знаењето, верувањето и
мислењето. Лок вели дека знаењето се состои од посебни
видови односи меѓу идеи и дека ние треба да ги регулираме
120

