Page 121 - ЦЕЛИНА
P. 121

замислувана	и	посакувана	од	старите	мудреци.

            Џорџ	 Беркли	(1685	 -	 1753)	 бил	епископ.	 Неговото	 главно
            достигнување	 е	 теорија	 која	 тој	 ја	 нарекувал	 „иматеријализам”
            (подоцна	 позната	 како	 „субјективен	 идеализам”).	 Оваа	 теорија
            тврди	дека	поединецот	може	да	знае	само	за	чувствата	и	идеите
            на	 некој	 објект,	 не	 апстракции	 како	 што	 е	 „материјата”,	 и	 дека
            самото	постоење	на	идеите	зависи	од	перцепцијата	на	умот.

            За	 некои,	 тоа	 го	 наметнува	 прашањето	 дали	 тој	 објект	 е
            „објективен”	 во	 смисла	 дали	 објектот	 е	 ист	 за	 сите	 луѓе.
            Всушност,	дали	е	важечка	концепцијата	„другите”	луѓе	надвор	од
            перцепцијата	на	поединецот?

            Беркли	тврдел	дека	поединецот	доживува	други	луѓе	на	начин	на
            кој	тие	му	говорат,	нешто	што	не	потекнува	од	сопствените	акции.
            Ако	 дознава	 дека	 нивниот	 поглед	 на	 светот	 е	 во	 согласност	 со
            неговиот,	тој	може	да	верува	во	нивното	постоење	и	дека	светот
            е	ист	или	сличен	за	секого.

            Идејата	 е	 решение	 за	 нов	 почеток	 на	 нештото.	 Идеализам	 е
            учење	според	кое	основа	на	сè	што	постои	во	светот	е	духот	или
            идејата,	а	не	материјата.

            Субјективниот	 идеализам	 во	 една	 целина	 дава	 можност	 за
            негово	 издигнување.	 Општественото	 признание	 на	 секоја	 идеја
            ќе	навлезе	во	реалноста	каде	апстракцијата	се	распознава	и	се
            детектира.	Вистинските	вредности	во	даденото	време	можат	да
            се	 насочат	 во	 вистински	 општествен	 развој.	 Вистинските
            вредности	 се	 откриваат	 и	 увидуваат	 во	 целината	 во	 која
            демократијата	е	директна	и	почитувана.

            Џон	 Лок	 (1632	 -1704)	 се	 вбројува	 во	 најпознатите	 филозофи	 и
            политички	теоретичари	на	17-тиот	век.	Тој	е	основач	на	мислата
            позната	 како	 британска	 емпирија.	 Тој	 имал	 голем	 придонес	 во
            современите	 теории	 за	 либерална	 влада.	 Лок	 понуди
            емпиристичката	теорија	според	која	ние	се	здобиваме	со	идеи

                                          119
   116   117   118   119   120   121   122   123   124   125   126