Page 120 - ЦЕЛИНА
P. 120

ја	истакнува	позицијата	на	човекот	како	суштество	со	ум.	Спиноза
            размислувал	 објективно	 и	 непристрасно,	 тој	 бил	 совршен
            набљудувач	и	постојано	истакнувал	дека	кон	сите	нешта	кои	му
            се	 предмет	 на	 сознание	 се	 однесува	 како	 да	 се	 вечни	 и	 трајно
            значајни.
            Основната	 филозофска	 идеја	 на	 Спиноза	 се	 однесува	 на
            единството	 на	 светот,	 на	 суштината	 на	 супстанцијата	 и	 на
            нејзините	 појави,	 на	 суштината	 на	 видовите	 сознанија,	 на
            етиката	 и	 на	 верата,	 како	 и	 на	 човековата	 слобода	 и	 на
            политиката.

            За	Спиноза	супстанцијата	е	вечна,	бескрајна	и	творечка.	Од	неа
            зависи	 сето	 постоење,	 таа	 е	 основа	 на	 сè	 што	 постои.	 Тој
            супстанцијата	ја	определува	како	Бог	или	природа.
            Очигледно	 дека	 Спиноза	 е	 филозоф	 и	 мудрец	 кој	 ја	 видел
            суштината	 за	 подобрување	 на	 општествените	 односи	 и
            општествениот	развој	на	човекот.	Неговата	идеја	за	единство	на
            светот	 е	 светлина	 која	 ја	 гледале	 многумина	 филозофи	 во
            историјата,	 како,	 на	 пример,	 Платон,	 кој	 својата	 визија	 за
            единство	и	добро	живеење	ја	гледал	во	Атлантида.

            Целта	на	живеењето	на	човекот	е	да	живее	секојдневно	подобро,
            секојдневно	да	се	развива	доброто,	да	се	издига	и	гради,	а	злото
            да	 се	 уништува,	 спокојството	 да	 се	 нагласува	 и	 просветува,	 а
            тагата	и	болката	да	се	намалуваат.

            Слободата	во	сооднос	со	општеството	дава	можност	единката	да
            ги	оствари	своите	цели	и	стремежи.

            Со	 согледување	 и	 откривање	 на	 вистината,	 општеството	 оди
            нагоре	 на	 патот	 кон	 колективната	 среќа	 и	 благосостојба.	 Други
            цели	 или	 видувања	 немаат	 капацитет	 или	 сила	 да	 ги	 направат
            луѓето	 среќни	 и	 задоволни.	 Суштината	 е	 во	 признавањето	 на
            целината	 од	 страна	 на	 општеството,	 тоа	 е	 наша	 задача	 и	 цел
            денес.	Во	целината	ќе	владее	хармонија,	која	во	историјата	била

                                          118
   115   116   117   118   119   120   121   122   123   124   125