Page 119 - ЦЕЛИНА
P. 119

Имануел	Кант	(1724-1804)	е	еден	од	највлијателните	филозофи
            во	западната	филозофија.	Неговиот	придонес	кон	метафизиката,
            епистемологијата,	 етиката	 и	 естетиката	 имал	 големо	 влијание
            врз	речиси	секое	филозофско	движење	кое	го	следело.

            Единствениот	 мотив	 што	 може	 да	 му	 даде	 морална	 вредност,
            тврди	тој,	е	оној	кој	произлегува	од

            „универзалните	принципи	откриени	од	страна	на	разумот“.

            Разумот	на	човекот	е	придонес	и	ексклузивност	што	човекот	го
            добил	од	природата	или	некои	го	нарекуваат	дар	од	Бога.	Кога
            разумот	 се	 замајува	 со	 одење	 надолу	 и	 се	 стреми	 кон
            материјалното,	се	изопачува	и	добива	примеси	на	нереално.	Се
            губат	 моралот,	 етиката	 и	 придобивките	 дадени	 од	 природата.
            Никулецот	се	суши	во	самиот	зачеток	на	својот	развој.

            Затоа	 еднаков	 развој	 овозможува	 прогрес.	 Дијалектичкиот
            реализам	 во	 иднина	 ќе	 даде	 рамномерен	 развој	 со	 кој	 ќе	 се
            открива	суштината	на	нештото	или	суштината	на	живеењето.

            Целината	 и	 нејзината	 хомогеност	 ќе	 нè	 издигнат	 на	 повисоко
            ниво	 на	 кое	 вистинските	 вредности	 ќе	 бидат	 детектирани	 и
            признаени	од	целото	општество.

            Кант	 ги	 прикажал	 универзалните	 принципи	 за	 создавање
            спокоен	 и	 задоволен	 човек.	 Напредокот	 на	 општеството	 ќе	 ги
            менува	потребите	на	човекот.	Корисното	секогаш	се	менувало	во
            формата,	 но	 суштината	 останувала	 иста	 или	 идентична.
            Суштината	 секогаш,	 денес	 и	 во	 иднина,	 е	 иста,	 здравјето	 и
            среќата	 се	 секогаш	 најпосакувани	 од	 сите	 добродетели.
            Здравјето	 е	 основа	 за	 некој	 да	 постои,	 за	 да	 може	 да	 биде
            среќен.

            Барух	де	Спиноза,	(роден	во	1632	год.	во	Амстердам)	е	еден	од
            најзначајните	филозофи	на	сите	времиња.	Неговиот	филозофски
            систем	е	синтеза	на	сознанијата	од	сите	сфери	на	духот,	при	што


                                          117
   114   115   116   117   118   119   120   121   122   123   124