Page 118 - ЦЕЛИНА
P. 118
целината ќе добијат рационален пристап. Секоја добрина во
постоечките традиции треба да ја прима целината, но секоја
традиција која е безвредна и нема суштина за добро живеење ќе
се отфрла од желбата да се живее подобро.
Емил Диркем (1858-1917) е француски филозоф кој го
анализирал општеството и дошол до заклучок дека имаме
различни делови од општеството и дека треба да се работи за да
се создаде функционална целина.
Диркем е еден од првите филозофи кои сакале да ја одделат
социологијата како наука. Според Диркем, сите елементи на
општеството, вклучувајќи ги моралноста и религијата, се
производ на историјата. Бидејќи тие немаат трансцендентен
корен и се дел од природниот свет, тие може да се изучуваат
научно. Диркем ја гледа социологијата како наука за генезата и
функционирањето на институциите.
Функционалната целина за Емил Диркем е како пат за развој на
општеството. Најзначајното филозофско решение на Диркем ја
открива социјалната динамика која го проучува менувањето на
општествените односи.
Функционалната целина треба да се земе како една целина, а не
како колектив од единки кои живеат во една држава. Целината е
севкупниот број на единки на планетата Земја, единство на
целината создава еднаквост, доверба и просперитет во развојот
на општеството и на единката.
Антропологијата како наука донесе логично решение и потреба
од создавање еднакво образование, еден правен систем,
единствено владеење... Почетните или првични предуслови се
да се насочи и издигне колективната свест, со која ќе се види
јаснотијата од корисното за општеството. Колективната свест ќе
создаде подобри општествени односи во целината, каде ќе се
создадат услови за создавање колективно спокојство и
благосостојба на човекот.
116

