Page 111 - ЦЕЛИНА
P. 111

Учењето	на	Демокрит	за	совеста	е	едно	од	првите	во	историјата
            за	оваа	духовна	основа	на	моралот	кај	човекот.	Една	од	големите
            мисли	на	Демокрит	е:

            „Вистинската	љубов	е	стремеж	кон	убавото	без	насилство“.

            Но	 неука	 филозофија	 предизвикува	 големо	 крвопролевање	 во
            Октомвриската	револуција	во	Русија	и	во	многу	други	држави	во
            светот.

            „Зло	 е	 ако	 ги	 следиме	 лошите,	 но	 зло	 е	 ако	 не	 ги	 следиме
            добрите	луѓе“.

            Ова	 е	 голема	 мисла	 и	 порака,	 која	 важи	 и	 за	 денешните
            општествени	 односи,	 кои	 треба	 да	 ги	 менуваме	 за	 подобра
            иднина.	 Ние	 денес	 мора	 да	 ги	 следиме	 добрите	 луѓе,	 а	 да	 ги
            распознаваме	 лошите,	 кои	 ќе	 ги	 игнорираме	 или	 осудуваме	 и
            менуваме	за	да	станат	добри.

            Антистен	 (445-365	 год.	 п.н.е.)	 бил	 свесен	 за	 разликата	 помеѓу
            филозофијата	и	реториката.	Тој	кажал	дека	филозофијата	треба
            да	ја	учи	оној	кој	сака	да	се	дружи	со	боговите,	а	реториката	оној
            кој	сака	да	се	дружи	со	луѓето.	Бил	ученик	на	Сократ,	на	кого	му
            се	 восхитувал	 и	 го	 возвишувал.	 Основал	 школо	 во	 кое	 сето
            внимание	 било	 посветено	 на	 етиката,	 на	 откривањето	 и
            спроведувањето	 на	 правилното	 дејствување.	 Зад	 себе	 оставил
            група	ученици	кои	влијаеле	на	создавањето	на	стоичката	етика
            на	 воздржаност	 и	 должност.	 Тој	 зазема	 посебна	 филозофска
            позиција,	 реалноста	 ја	 брани	 со	 едноставноста	 на	 секое
            постоење.	Тој	го	дава	примерот	дека	мудрецот	постапува	според
            својата	 морална	 сила,	 како	 израз	 на	 својата	 цврста	 волја	 и
            непоколеблива	етика.

            Антистен	   сметал	   дека	   најголемиот	   непријател	    на
            добродетелството	 е	 сетилното	 уживање,	 кое	 ја	 нарушува
            духовната	рамнотежа	на	личноста.



                                          109
   106   107   108   109   110   111   112   113   114   115   116