Page 115 - ЦЕЛИНА
P. 115
(без разлика на кое ниво се живее) носат неспокојство и
вознемиреност, тоа е основната причина за потребата од
менување на општествените односи.
Влегување во поразвиени општествени односи ќе наметне и
промена во индивидуалните размислувања и однесувања.
Повисоки или развиени општествени односи едноставно ќе го
издигнат живеењето.
Мухамед (син на Абдула, роден во 570 година во Мека) донесува
придобивки и за човештвото со своите морални погледи.
Пораките од Господ ги напишал во верската книга Коран, со која
се создава новата религија, исламот, која е една од најзначајните
вери на човештвото. Коранот го учи човекот на уживање и на
одделување на злото од доброто. Несомнено успесите на
исламот дале голем придонес во човековиот развиток. Коранот е
духовна, социјална, правна и етичка книга. Коранот учи на
конкретни однесувања и дејствување на луѓето, што е праведно
и дозволено, што е погрешно и забрането. Читај, учи и проучувај,
мисли и живеј правилно, се главните пораки на Мухамед до
човекот.
Создавањето на целината е цел на човекот во која ќе се
имплементираат сите морални вредности кои ни ги дале
мудрите луѓе во историјата. Секој од нив има голем придонес во
подучување на човекот на етичко однесување.
Џелалудин Руми Мевлана (роден во 1207 год. во Персија) дал
најшироко толкување на единството на религиите. Неговата
душа била отворена кон сите правци, за да го достигне врвното
единство.
Руми кажал: „72 народи ги слушаат овие тајни, небаре се од
кавал од кој излегуваат стотици звуци со ист тоналитет“.
113

