Page 116 - ЦЕЛИНА
P. 116

За	 него	 светот	 е	 единство	 на	 вистината	 и	 појавата.	 Руми	 бил
            голем	визионер	кој	го	претчувствувал	откривањето	на	вистината
            со	која	човекот	ќе	живее	подобро	во	иднина.	Негова	е	мислата:

            „Вечен	е	нагонот	за	искачување	на	сè	повисок	степен“.

            Тој	ја	дава	слободата	на	постојаното	откривање	на	нова	вистина
            со	која	ќе	се	замени	старата	вистина.

            Руми	му	предлага	на	човекот	да	се	ослободи	од	сè	што	е	плитко.
            Тој	љубовта	ја	издига	на	височина.

            „Кога	 не	 би	 имало	 универзална	 љубов,	 постоењето	 би	 се
            вкочанило	и	би	станало	ништо“.

            Целината	ја	почувствувал	големиот	мудрец	Руми	многу	одамна.
            Тој	 строго	 ја	 дефинирал	 целината	 како	 општо	 добро	 без	 кое
            човекот	 ќе	 се	 вкочани.	 Денес	 ние	 сме	 во	 криза	 и	 во
            општествениот	развој	и	во	општествените	односи,	или,	како	што
            вели	 Руми,	 ние	 денес	 сме	 вкочането	 општество.	 Денес	 човекот
            во	денешните	општествени	односи	не	може	да	напредува	и	да
            живее,	единствен	спас	е	создавање	или	признавање	целина	во
            која	човекот	полека	но	сигурно	ќе	напредува.
            Постојано	хуман	и	добар	човек	може	да	има	само	во	целина	во
            која	злобен	човек	не	постои	од	причини	што	за	тоа	нема	да	има
            потреба.	Никој	ментално	здрав	не	би	сакал	да	нанесе	зло	никому
            ако	за	тоа	нема	лична	корист.	Нагонот	за	правење	зло	се	раѓа	од
            познати	 причини,	 љубомора,	 завист,	 суетност,	 пониженост,
            незадоволство...	 Повисок	 степен	 на	 општествени	 односи	 ќе	 ги
            оддалечува	сите	пороци	од	човекот.

            Целината	 е	 највисоката	 вистина,	 најголема	 цел	 на	 човекот.
            Признавањето	 и	 создавање	 на	 целината	 е	 наша	 цел	 денес.
            Потврда	за	тоа	е	дадена	од	големиот	Руми	многу	одамна.

            Многу	 мислители	 изложиле	 ставови	 дека	 е	 потребна	 иста	 вера
            во	светот.	Вербата	во	целината	може	да	ги	сплоти	и	религиите	во
                                          114
   111   112   113   114   115   116   117   118   119   120   121