Page 109 - ЦЕЛИНА
P. 109
Слободата мора да е во сооднос со општеството. Во една целина
со систем на демократски дијалектички реализам единката нема
можност да делува на општеството со демагогија за да направи
зло. Денес многу владетели (претседатели, премиери)
употребуваат методи на клиентeлистичко пирамидално
владеење со кое прават зла, а се прикажуваат како добрина.
Денес различните приоди за проучување даваат можност да се
вметне демагогијата, со што добиваме негативни резултати.
Старата изрека „во заматено се лови рибата” не е кажана
напразно.
При третирање на некој негативен општествен однос паметните
луѓе лесно ќе го видат и откријат. Услов за ваков општествен
систем е целината да биде призната или луѓето од целиот свет да
признаат дека планетава е една целина. Целината има една цел
и еден интерес, независните делови од целината денес
создаваат многу различни интереси кои не даваат да се решат
општествените проблеми кои ја засегаат целината.
Индивидуално тотално спокојство (или тотално спокојна држава)
не може да постои од причини што единката не живее сама, таа
е во однос со општеството и природата. Кога ќе добиеме
општествено спокојство во целината, тоа ќе создаде и
индивидуално спокојство.
Платон правел разлики меѓу идеалното и менливото, меѓу она
што е постојано, совршено, и она што е менливо. Предмет на
вистинското сознание е вистинската реалност. Ова според
Платон е светот на идеите како принцип на нештата, како она
што е совршено. Идеите се единствени, трајни, неделиви,
идеални. Идеите се вечни, а нештата менливи и минливи.
Идејата на доброто е апсолутна цел, на која ѝ е подредено сè
друго. Крајната цел на филозофијата е етиката, која треба да го
реализира Доброто.
107

