Page 108 - ЦЕЛИНА
P. 108
извртуваат вистината. Не смее да се дозволи искривување на
вистината, таа мора внимателно да се претстави и контролира од
целината. Вистината и добивањето општествено признавање од
целината ќе бидат заштитник или лек кој нема да дозволи
вметнување неприродни или демагошки примеси, кои би се
користеле за остварување на лични интереси. Дијалектичкиот
реализам е чувар на добрината и вистината, тој никогаш нема да
дозволи злото да надвладее, туку ќе се бори злото да се
намалува и со време да исчезне.
Упростување на нештата е мудрост со која се открива вистината.
Старите мајстори на филозофијата со една реченица кажуваат
многу. Усложнувањето на зададениот предмет при анализа е
метод на мешање на други сили и односи. За нештото да се
замати се вклучуваат други сегменти кои ја усложнуваат самата
суштина на проучувањето. На пример, зборот слобода се
употребува во различни реченици или мисли. Слобода е во
суштина давање можност за мислење и делување на нештото.
„Сакам да сум слободен и да имам слобода да убивам, да имам
слобода да правам злосторства“. Ваквите мисли се осудувани
од секого, но, сепак, сме ги имале во историјата, а за жал и денес.
Никој не вели директно и отворено, туку се затскрива со
демагогија со која искажува некоја затскриена добрина, како, на
пример: „ Во името на мојот народ и во интерес на нашата
земја мораме да ја совладаме недемократската власт на Х
земјата бидејќи таа ќе ја загрози безбедноста...“.
При наведување на зборот слобода мора да се одреди точно на
што се мисли. „Јас сакам да сум слободен, затоа што сум роб“.
Ова има друго значење од претходното. Ист таков пример е
егоизмот, кој се прикажува како добар, како желба за развој и
како желба да се приграби сè за себе. Практиката покажала дека
депресивните болни луѓе може да имаат висок степен на
интелигенција со која доаѓаат на власт, а потоа прават големи
проблеми во општеството.
106

