Page 106 - ЦЕЛИНА
P. 106

задоволство.

            Перијандер	дава	етичка	мисла:

            „Задоволствата	се	смртни,	добродетелите	бесмртни“.

            Тоа	 е	 основа	 за	 многу	 етичари	 да	 одат	 кон	 правилното	 и
            вистинското.

            Човековиот	живот	е	релативно	краток,	за	животот	треба	да	сме
            благодарни	 на	 своите	 родители	 и	 да	 создадеме	 наши
            наследници,	никој	не	треба	да	се	плаши	од	смртта,	треба	да	сме
            горди	дека	нашите	деца	сме	ги	воспитале	да	бидат	подобри	од
            нас.	Во	нашето	живеење	треба	да	го	пофалиме	доброто	и	да	го
            осудуваме	злото.

            Злото	 се	 уништува	 во	 целината.	 Верба	 кон	 целината	 е
            вистинска	 сила	 која	 ја	 поседува	 човекот	 и	 води	 кон	 добри
            решенија.	 Хармонијата	 во	 организирана	 целина	 ја	 зголемува	 и
            надградува	добрината.

            Гаутама	Буда	(	563	-	483	год.	п.н.е.	)	има	позната	изрека:
            „Ако	жицата	на	тамбурата	се	оптегне	премногу,	таа	ќе	се	скине.
            Ако	се	остави	незатегната,	нема	да	свири“.

            Хармонијата	 на	 општествените	 односи	 мора	 да	 се	 открива	 и
            детектира	 за	 да	 се	 постигнат	 колективно	 спокојство	 и
            благосостојба.

            Буда	 обрнува	 големо	 внимание	 на	 тоа	 како	 да	 се	 совлада	 или
            запре	 вознемирувачкиот	 тек	 на	 животот,	 кој	 е	 непостојан	 и
            исполнет	со	болка.

            Достигнување	 на	 највисоката	 вистина	 и	 на	 личната	 доблест	 се
            нарекува	пат	на	совршенството.	Реализирање	на	вечниот	закон
            на	постоењето	е	етички	пат.	Во	будизмот,	и	во	другите	религии,
            како	и	во	многу	мудри	мисли	на	филозофите,	се	добиени	пораки

                                          104
   101   102   103   104   105   106   107   108   109   110   111