Page 112 - ЦЕЛИНА
P. 112

Дијалектичкиот	реализам	во	иднина	ќе	ги	води	луѓето	по	патот
            кој	води	до	човештвото.	Ова	е	одраз	од	филозофската	мисла	на
            Антистен.

            „Кога	 државата	 повеќе	 не	 ги	 разликува	 способните	 од
            неспособните,	тогаш	таа	пропаѓа“.

            Добрите	 луѓе	 се	 двојат	 од	 лошите	 и	 лошите	 преминуваат	 на
            страната	на	добрите	во	услови	на	исти	интереси	и	за	едните	и	за
            другите.	Платформата	на	еднаквост	и	добрина	ги	намалува	злото
            и	нееднаквоста	поради	еднаквиот	интерес	кој	создава	изедначен
            развој	на	целината.

            Општествено	признавање	на	вистината	ќе	даде	големи	резултати
            за	 напредок	 во	 општествените	 односи.	 Во	 целина	 во	 кое
            општественото	 признавање	 е	 темел	 на	 владеење	 на
            дијалектичкиот	 реализам,	 таквиот	 пристап	 ќе	 даде	 волја	 на
            неспособните	 да	 се	 едуцираат	 и	 да	 работат	 за	 да	 станат
            поспособни.

            „Мудрецот	 не	 се	 занимава	 со	 политика	 според	 законите	 на
            државата	туку	според	законите	на	добродетелите“.

            Во	нашето	идно	општество,	или	целината,	мора	да	ја	обновиме	и
            да	 ја	 воздигнеме	 потребата	 од	 мудри	 луѓе	 кои	 ќе	 го	 водат
            човештвото	во	вистинска	насока.

            Епикур	 (роден	 во	 341	 год.	 п.н.е.	 на	 островот	 Самос)	 е	 еден	 од
            најголемите	филозофи	на	сите	времиња.

            Тој	 вели,	 секое	 живо	 суштество	 штом	 ќе	 се	 роди	 трага	 по
            задоволство	 и	 му	 се	 радува	 како	 на	 најголемо	 добро,	 а	 ја
            избегнува	болката	како	најголемо	зло	и	ја	отфрла	од	себе	колку
            што	 може.	 Целта	 на	 животот	 е	 ослободување	 од	 болки	 и
            достигнување	 задоволство.	 Животот	 трага	 по	 техника	 на
            задоволство,	за	тоа	ќе	помогне	филозофијата.


                                          110
   107   108   109   110   111   112   113   114   115   116   117