Page 114 - ЦЕЛИНА
P. 114

пријатни	 чувства	 и	 контакти,	 што	 ги	 надоместуваат	 сите
            проблеми	што	човекот	може	да	ги	има.


            Во	 иднина,	 кога	 општествените	 односи	 ќе	 се	 издигнат,
            пријателствата	 меѓу	 човекот	 ќе	 овозможат	 чувство	 на	 среќа	 и
            задоволство.	 Човештвото	 како	 ново	 општествено	 уредување	 ќе
            ги	зголеми	чувствата	на	задоволство,	а	ќе	ја	намали	болката	кај
            човекот.	 Луѓето	 во	 иднина	 ќе	 се	 однесуваат	 меѓусебно
            пријателски,	 првичното	 запознавање	 ќе	 биде	 со	 пријателско
            чувство,	без	предрасуди	или	интерес.
            Плотин		 (204	-	 270)	 бил	 хеленистички	 филозоф	кој	 се	 смета	 на
            зачетник	на	неоплатонизмот.

            Неговата	позната	мисла	е:

            „Човекот	може	да	се	движи	горе	или	доле	по	скалите	на	своето
            битие.	 Со	 качувањето	 нагоре,	 накај	 Едното,	 човекот	 станува
            подобар,	 ако	 оди	 надолу,	 накај	 материјалното,	 тој	 станува
            злобен“.

            Материјалното	 и	 духовното	 треба	 да	 се	 во	 паралелен	 однос.
            Повисок	 развој	 на	 општеството	 во	 целина	 ќе	 ги	 насочи	 во
            паралелен	 однос	 материјалното	 со	 духовното.	 Материјалните
            добра	ќе	бидат	општествени	добра	или	општествена	корист,	тие
            нема	 да	 бидат	 насилно	 земени,	 никој	 нема	 да	 посакува	 да
            поседува	 лична	 сопственост.	 Целта	 во	 иднината	 ќе	 биде
            повисока	и	единствена.	Целината	ќе	има	интерес	да	се	населат
            планетите	 околу	 нас	 и	 пошироко.	 Целта	 ќе	 биде	 убавото
            живеење,	спокојството,	радоста,	човекољубието,	љубовта	кон	сè
            што	нè	опкружува.

            Индивидуумот	денес	создава	свој	мал	свет,	секој	човек	се	дружи
            и	комуницира	со	луѓе	кои	материјално	и	духовно	се	на	исто	ниво.
            Родителите	 тежнеат	 нивните	 деца	 да	 бидат	 и	 живеат	 со
            побогатиот	сталеж	од	нив.	Тоа	е	нормално	во	вакви	општествени
            односи	 кои	 владеат	 денес.	 Денешните	 општествените	 односи

                                          112
   109   110   111   112   113   114   115   116   117   118   119