Page 107 - ЦЕЛИНА
P. 107

кои	треба	да	ни	служат	за	да	делуваме	со	цел	луѓето	од	целиот
            свет	 да	 живеат	 подобро.	 Создавањето	 или	 признавањето	 на
            целината	 ќе	 изгради	 нова	 платформа	 на	 која	 ќе	 преовладуваат
            вредностите	и	суштината	.

            Во	будизмот	се	обединуваат	моралот	и	сознанието.

            Во	желбата	за	откривање	на	највисоката	вистина	мора	најпрвин
            да	 се	 осознаваме	 себеси	 и	 несебично	 да	 ја	 пренесуваме	 на
            општеството.

            Платон	(424	–	347	год.	п.н.е.)	бил	основач	на	првиот	вистински
            универзитет	на	светот	под	името	Академија,	кој	работел	9	века.
            Платон	 развил	 филозофски	 методи	 кои	 станале	 база	 за
            филозофското	мислење	до	денеска.	Тој	вели	дека	постои	општа	и
            нужна	вистина	која	има	апсолутна	важност.	Во	своето	учење	за
            битието	смета	дека	овој	свет	што	ни	е	сетилно	достапен	и	што	го
            сметаме	за	објективно	реален	не	е	таков	каков	што	ни	се	чини.
            Всушност,	 овој	 свет	 е	 лажовен,	 нестварен,	 сенишен	 свет.
            Предметите	 и	 појавите	 дадени	 во	 нашите	 сетила	 се	 нетрајни,
            минливи,	несовршени.

            Платон	имал	идеи	за	уредување	на	општеството,	кои	се	обидел
            да	ги	предложи	на	разни	владетели,	за	да	се	реализира	неговиот
            сон	 за	 умна	 власт	 на	 мудрите	 луѓе.	 Филозофијата	 на	 Платон	 е
            комплексна	и	богата,	а	нејзината	етичка	димензија	исто	така.

            Тој	 проблематиката	 на	 доброто	 ја	 поставува	 во	 центарот	 на
            размислувањето.	Платон	се	стремел	кон	филозофската	цел	да	се
            открие	и	осознае	вистинската	реалност,	да	се	откријат	нејзините
            основи	и	законитости.	Тоа	сознание	треба	да	поттикне	подобро,
            вистинско	 однесување	 и	 треба	 да	 послужи	 да	 се	 воспостави
            подостоинствено	живеење.

            Откривањето	на	вистината	е	возможно	во	целината	и	таа	мора
            да	е	општествено	призната.	Со	самото	тоа	се	намалува	можноста
            да	 се	 вметнат	 демагошки	 елементи	 кои	 ќе	 ја	 нагризуваат	 и

                                          105
   102   103   104   105   106   107   108   109   110   111   112