Page 113 - ЦЕЛИНА
P. 113

Филозофијата	 укажува	 дека	 идеалот	 на	 мудрите	 луѓе	 е
            најголемото	 блаженство	 или	 непоматеноста	 на	 духот.	 Ова	 се
            постигнува	со	ослободување	од	стравовите	и	од	влијанијата	од
            надворешниот	 свет,	 како	 и	 со	 ослободување	 од	 болката	 и	 од
            сладострасноста,	 напуштање	 на	 доминацијата	 на	 копнежите	 и
            страстите.	Задоволството,	реално,	нема	континуитет.	Во	животот
            не	е	можно	да	се	биде	во	постојана	состојба	на	уживање,	туку
            таа	 постои	 одвреме-навреме	 и	 се	 прекинува	 со	 мигови	 на
            страдање	 или	 на	 незадоволство.	 Целта	 е	 јасна,	 треба	 да	 се
            ослободиме	 од	 болките,	 треба	 да	 се	 стремиме	 кон
            задоволствата	 и	 да	 внимаваме	 самите	 да	 не	 си	 нанесуваме
            страдања.	 Животната	 радост	 е	 единство	 од	 пријатноста	 на
            животот	и	личната	непоматеност.

            Овој	 мудрец	 воведува	 новини	 во	 филозофијата	 за	 тоа	 време	 и
            дава	 насоки	 на	 решавање.	 Општествените	 проблеми	 денес	 се
            изразени	 и	 зрели	 за	 да	 се	 почне	 со	 нивно	 решавање.	 Епикур
            бара	 да	 се	 најде	 техника	 за	 решавање	 на	 општествените
            проблеми	 и	 до	 ден	 денешен	 не	 е	 пронајдена	 за	 правилно	 и
            трајно	 решение	 на	 општествените	 односи.	 Секое	 досегашно
            решение	кое	било	предложено	во	основа	имало	личен	интерес
            на	предлагачите,	кој,	нормално,	не	води	до	решение.	Создавање
            целина	 со	 правилен	 демократски	 метод	 ќе	 го	 отфрли
            незадоволството.

            Единствената	 техника	 која	 ја	 посочува	 Епикур	 е	 патеката	 која
            води	 до	 добрината.	 Општественото	 признавање	 е	 метод	 во	 кој
            јасно	ќе	се	распознава	ослободување	од	болката	и	достигнување
            на	задоволството.

            „Животот	бара	да	се	најде	техника	на	уживањето“,	вели	Епикур.

            Задоволствата	 и	 животната	 радост	 ја	 проникнуваат	 етичката
            норма	 на	 Епикур.	 За	 него	 се	 најважни	 четирите	 добродетели;
            Разумот,	 Самоконтролата,	 Храброста	 и	 Справедливоста,	 кои
            овозможуваат	среќно	чувство.	За	него	пријателството	е	најважна
            социјална	 врска	 која	 овозможува	 убаво	 човечко	 живеење,	 со
                                          111
   108   109   110   111   112   113   114   115   116   117   118