Page 110 - ЦЕЛИНА
P. 110
Искачување на врвот на светот е можно само преку мислата за
доброто. Само целината може да го зголемува доброто и да го
намалува злото.
Демокрит (роден околу 460 год. п.н.е. во Тракија) во животот
многу патувал, во тогашниот познат свет, за да дознае сè што се
знаело. Тој е првиот мислител кој радоста на живеењето ја
унапредил во етичка цел.
Демокрит рекол дека повеќе сака да најде објаснување за една
природна појава отколку да ја добие власта над огромното
Персиско Царство.
Секогаш постоеле луѓе на кои најголема желба им била да ја
откриваат вистината за да му помогнат на човекот да живее
подобро, да напредува во своето живеење.
За Демокрит, како голем почитувач на животот, идеалот на
животот бил човекот да биде автономен и слободен, да го
работи она што мисли дека е најважно за него и да биде радосен.
Тој се стремел да се ослободи од човечките страсти и маки, од
болестите и тажните ситуации, од телесните и душевните
бранувања.
Ја презирал и славата, па не сакал да живее во големиот познат
град Атина. Тој има два прекари, Мудриот и Насмеаниот,
позитивниот и весел поглед на животот е претставуван со
насмеаниот лик на Демокрит. Тој е првиот европски мислител кој
врз научна основа расправал за моралот и за животните
вредности.
Демокрит учењето за атомите го поврзувал со етичките
концепции. Основната етичка идеја на Демокрит е
сконцентрирана врз духовна ведрина, животна радост, благост
во душата.
108

