Page 105 - ЦЕЛИНА
P. 105

Махавира	 Џајна	 (роден	 во	 599	 год.	 п.н.е.)	 се	 заложува	 за
            етичност	 до	 крајните	 граници	 на	 човечкото	 воздржување	 од
            правење	некакво	зло.	Една	од	неговите	големи	мисли:

            „Добар	е	оној	чие	дело	е	исправно,	а	постапката	совршена,	без
            измама“.

            Милиони	Џајнисти	издржале	илјадници	години	не	правејќи	зло
            на	друго	живо	суштество,	што	е	еден	од	крунските	докази	дека
            човекот	може	да	прави	добро	како	свој	животен	принцип	и	дека
            тоа	може	да	стане	клучна	норма	на	универзалната	етика.

            Питагора	има	позната	мисла:

            „Луѓето	 меѓусебно	 треба	 да	 се	 однесуваат	 на	 начин	 што	 од
            пријателите	нема	да	создадат	непријатели,	туку	непријателите
            да	ги	претворат	во	пријатели“.

            Оваа	мисла	треба	да	биде	основа	при	создавањето	на	целината.
            Едукацијата	 на	 младите	 генерации	 во	 целиот	 свет	 мора	 да	 се
            води	од	оваа	мудра	мисла,	за	тие	да	создаваат	добри	дела.	Со
            ваков	 пристап	 ќе	 се	 подигне	 чувството	 за	 решавање	 на
            денешните	националистички	нагони	и	расистички	погледи.
            Целината	мора	да	се	едуцира	од	мудри	мисли	кои	ги	оставиле
            нашите	 предци.	 Разни	 личности	 ги	 фасцинираат	 луѓето	 околу
            себе.	Ако	е	тоа	некоја	личност	без	вредност,	тогаш	таа	заблуда	е
            загуба	за	човештвото.	Личностите	кои	влијаат	на	луѓето	треба	да
            се	 мудри	 и	 разумни.	 За	 да	 се	 открие	 мудрец	 со	 вистински
            вредности	 мора	 да	 се	 употреби	 методот	 на	 дијалектички
            реализам,	каде	човекот	ќе	добие	општествено	признание.

            Денес	постојат	здруженија	или	некаков	вид	светски	институции
            кои	 доделуваат	 награди	 и	 признанија	 на	 луѓе	 кои	 не	 го
            заслужуваат	 тоа.	 Се	 доделуваат	 награди	 за	 мир	 на	 луѓе	 кои	 во
            суштина	предизвикувале	војна.	Во	иднина	вакви	неправилности
            мора	 да	 се	 регулираат	 и	 насочуваат	 за	 да	 се	 постигне	 општо


                                          103
   100   101   102   103   104   105   106   107   108   109   110