Page 72 - ПАТЕКА 2
P. 72
За да биде појасно би сакал ова да го упростам и прикажам
на начин на кој секој би разбрал.
Ако една куќа реално вреди 100,000,00 долари банката со
текот на времето (временски) ја зголемува вредноста затоа
што дава кредит за истата куќа од 300,000,00 долари. Тоа
го направија софистицирано и плански. Што би значело
ова во бројки?
За кредит од 100,000,00 долари месечната рата би била
околу 1,200,00 долари со 12% интерес на годишно ниво.
За кредит од 300,000,00 месечна рата би била околу
2,500,00 долари со 6% интерес на годишно ниво.
Тука банкарскиот трик е многу јасен, навидум 6% интерес
е помал од 12% интерес, но ратата за месечна отплата за
истата куќа е со зголемена вредност и таа е многу
поголема.
Парите што се даваат и нивната големина не е ни важна,
(парите земени за да се употребат за давање на кредитите
се од разни фондови и други извори со помала камата)
важно е дека за иста куќа месечната рата е поголема од
реалната, а со тоа и профитот е многу поголем.
Таквиот однос ги доведе банките во непланска идна
позиција. Самите банки се заплеткаа и се фатија во
сопствената мрежа. Задолжените луѓе, компании,
инвеститори немаа пари да ги плаќаат месечните рати и сè
отиде надолу.
Банките им ги земаа хипотеките на своите клиенти, но
немаа купувачи да ги продадат. Таквиот однос доведе до
71