Page 77 - ПАТЕКА 2
P. 77
На оваа горенаведена теза мора да додадеме и логични
елементи за да се открие матноста и перфидноста на
денешните општествени односи.
Да претпоставиме дека најбогатите луѓе на светот ги дале
своите пари на заем, како основачки влог во финансиските
институции, па тоа се нивни пари.
Листата на најбогати луѓе на светот на првите сто е ваква
Бр 1 Карлос Слим 69 милијарди долари, Бр. 2 Бил Геитс
.... итн. сите милијардери на светот да претпоставиме дека
имаат 10,000 милијарди долари, оваа сума пари не е ни
10% од долгот на целиот свет (држави, правни лица,
физички лица и сите други субјекти). Кој дал уште 90%
заем на целиот свет?
Дали сум јасен што се случува тука? Нешто не е како што
треба. Кој се крие позади завесата и долги години си
поигрува со нас?
Тој некој вели дека јас сум утопист, тој некој не сака да
се зближи целината, тој некој гледа интерес од старата
вистина кога нè гледа како се убиваме, тој некој нè држи
на конец како во куклен театар и прави со нас што сака,
тој некој ни го зима спокојството, тој некој... ?
Јас мислам да го замолиме Марсовецот да нè остави сите
нас мирни и да си оди дома. Можеби ќе сфати дека нè
малтретира без причина, што добива тој со тоа што нè
малтретира, не ли му се доста парите што ги направил?
Очигледно на алчноста ѝ нема крај. Тој си има сè што му е
потребно и повеќе од тоа, за многу генерации по него.
76