Page 69 - ПАТЕКА 2
P. 69

Потребата од создавање на банките била неминовна.

            Главната  и  основна  функција  на  банките  се  состоела  од
            земање  пари  од  физички  и  правни  лица,  кое  ние  го
            нарекуваме  штедни  влогови.  Тоа  се  пари  кои  физичките
            или  правните  лица,  а  и  други  субјекти  ги  ставаат  во
            банките поради земање интерес или таканаречена камата
            за  вложените  пари.  Втората  функција  на  банката  е  овие
            штедни  влогови  да  ги  инвестира/пласира  преку  разни
            клиенти  во  вид  на  кредити  за  правни  или  физички  лица
            (компании, граѓани, држави, градови, инвеститори и други)
            кои имаат потреба од пари.

            Самото  инвестирање  претставува  оплодување  на  повеќе
            пари  од  основно  земените  пари.  Од  земање  пари  преку
            таканаречени  кредити  банките  добиваат  интерес.  Значи
            банките во своето работење земаат пари со помал интерес,
            а  истите  пари  ги  даваат  со  поголем  интерес.  Со  текот  на
            времето банките вршат и други услуги како што е платниот
            промет, кредитни картички и друго.

            Првично  ова  функционирало  нормално  и  логично.  Ова
            пренесено во цифри би изгледало вака.

            На пример во 1975 година

            1000,00  долари  штеден  влог  даден  во  банка  бил  со  8%
            интерес на годишно ниво, што би значело 1080 долари на
            крајот од годината, од кој 1000,00 долари основниот влог и
            80,00 долари интерес од вложените пари.

            Банката  овие  штедни  влогови  ги  вложувала  во  компании,
            инвеститори и физички лица на кои им требаат пари за да

                                          68
   64   65   66   67   68   69   70   71   72   73   74