Page 71 - ПАТЕКА 2
P. 71

Парите  содржат  вложен  човечки  труд.  Кога  има
            девалвација  на  парите  во  суштина  се  девалвира  и
            вложениот  минат  труд.  Оттука  следи  заклучок  дека
            банкарската политика навлегува и во социјалниот живот на
            луѓето во целиот свет.


            Државната економска политика на секоја земја е во спрега
            со  банките,  тоа  е  неминовно  затоа  што  така  е  поставен
            денешниот економски систем. Оттука може да се види дека
            банките  не  можат  слободно  да  работат  без  контрола  на
            државата.  Правилата  или  законите  за  регулирање  на
            банкарската  политика  даваат  можност  за  манипулација  и
            обликување на општествените економски односи во светот.
            Ваквата состојба дава можност да се манипулира со луѓето,
            тука  всушност  се  работи  за  кражба  на  минатиот  вложен
            труд.  Притоа  со  ваков  однос  не  му  служат  ниту  на
            стопанството, ниту на граѓаните.


            Ако се банките приватни компании зашто тогаш владата на
            САД во 2008/10 год. ги спаси од банкротирање? Со самото
            тоа  се  гледа  поврзаноста  на  банките  со  државата.  Ако  е
            тоа  така  банките  треба  да  ја  следат  политиката  на
            државата, а не државата да ја следи банкарската политика.
            Очигледно  банките  ставиле  рака  на  секоја  држава  и  со
            корупција  влијаат  на  државите  во  целиот  свет,  а  тоа  е
            уште еден елемент од негативната палета на однесување.

            Економската  светска  криза  што  се  појави  2008  година  е
            одраз  на  многуте  општествени  односи  во  кои  и  банките
            имаат  свој  придонес.  Банките  од  алчност  за  поголем
            профит даваа кредити за нереални вредности.



                                          70
   66   67   68   69   70   71   72   73   74   75   76