Page 74 - ПАТЕКА 2
P. 74

општеството.  За  да  биде  појасно  ќе  го  наведам  ова  во
            цифри во следниот пример.

            Џо има 24 години и дипломира архитектура во Орландо. Се
            вработи во една добра компанија каде добиваше 3,000,00
            долари  нето  месечна  плата.  Задоволен  од  својата  работа
            Џо си ја планираше својата иднина. Ќе купам куќа во која
            ќе живеам целиот свој живот. Месечна рата за куќата плус
            данокот  на  имот  ќе  изнесува  1.500,00  долари,  ратата  за
            автомобил и сите куќни трошоци ќе ми бидат околу 500,00
            долари. 600,00 долари се доволни за личен трошок и секој
            месец  ќе  ставам  400,00  долари  во  банка,  штедење  за
            старост.

            Значи 400,00 долари, тоа е 4.800,00 годишно, за 40 години
            тоа  би  било  192,000,00  долари.  Јас  ќе  имам  пензија
            1,500,00 долари плус интересот од 1,400,00 долари ќе ми
            биде сосема доволно за старост.

            Во  овој  прост  пример  се  гледа  јасниот  пат  за  во  иднина
            што дава спокојство. Што се случува денес? Интересот на
            штедни влогови е околу еден посто, а тоа би значело 160
            долари месечно, плус пензија 1,500,00 долари, тоа би било
            1660,00 долари месечно, а данокот на имот за таква куќа
            денес  е  600,00  долари  месечно,  струја,  вода,  годишен
            одмор итн. Која иднина и спокојство може ја има Џо денес?


            Денес Џо

            -Тешко може да најде работа

            -И да се вработи тешко ќе ја купи саканата куќа

            -Не може, ниту тој планира што ќе прави во иднина
                                          73
   69   70   71   72   73   74   75   76   77   78   79