Page 76 - ПАТЕКА 2
P. 76
10
Мораме да отвориме едно незгодно прашање кое сите нас
нè засега, но во суштина никој не го потегнал погрубо за
да се открие.
Пример (цифрите се горе долу точни),
Италија како земја е задолжена 1000 милијарди долари,
Шпанија 1100 милијарди долари, САД 30,000 милијарди
долари, Грција 300 милијарди долари итн. Нема земја на
планетава без долг од милијарди и милијарди долари.
Сите жители на планетава се полни со кредити за куќи,
станови, автомобили и разни други нешта. Банките се
жалат на криза во банкарството. Да потсетам, во САД
2008/10 владата им даде пари на банките да не
банкротираат...
Значи, сите се должни, се поставува просто и логично
прашање... КОМУ? Некој Марсовец дошол на нашата
планета и ние сите се задолживме кај него?
Ајде да го појасниме ова со помош на пазарните односи.
Ако целиот имот на планетава го ставиме на продажба за
него би добиле - карикирам - 100 трилијарди долари, а
долгот на целиот свет е 300 трилијарди долари. ДАЛИ
ИМА ЛОГИКА? Нешто тука не е јасно? Каде и кој
заработува толкави пари? Дали се богати
Марсовецот? Кој е тоа? Плаќа ли тој данок или не?
75