Page 73 - ПАТЕКА 2
P. 73

паѓање  на  цените  на  сите  недвижности  и  под  реалната
            пазарна вредност поради зголемената понуда.

            Таквиот  положба  создаде  веќе  видена  ситуација  од
            минатите  кризи  бидејќи  историски  секогаш  економските
            кризи поминувале и сè се враќало на свое место. Во вакви
            моменти се појавија луѓе кои беа спремни со кеш пари да
            се  впуштат  на  лов  во  матно.  Тие  мислеа  дека  цените  ќе
            пораснат  и  дека  добро  ќе  се  офајдат  (тоа  историски
            секогаш  беше  така).  Но,  кризата  повлече  и  други  работи
            поради кои и тој план ќе пропадне во иднина.

            Нарушување на банкарската непишана формула, за штедни
            влогови,

            100 + 8 = 108 (штеден влог + интерес = годишен вкупен
            зголемен основен влог)

            изопачи многу во економските односи во целиот свет. За да
            биде појасно ќе наведам пример за да се види суштината
            на направената штета.

            Секој еден млад човек на светот по завршување на своето
            школување  тежнее  да  работи.  Тој  е  свесен  дека  кога  е
            млад  и  силен  ќе  заработи  пари,  од  тие  пари  треба  да
            штеди и за старост, тоа  сите ние  сме го мислеле и го
            мислиме.  Некои  од  нас  сакаа  своите  пари  да  ги
            инвестираат  (во  разни  недвижности,  акции,  осигурителни
            фондови, разни други инвестициски фондови итн.) или да
            ги  вложат  во  банка  (каде  ризикот  е  најмал).  Значи
            планирањето во иднината е многу важен елемент за секој
            човек во светот, сигурноста и јасниот пат во животот дава
            спокојство. Спокоен човек е попродуктивен и за себе и за

                                          72
   68   69   70   71   72   73   74   75   76   77   78