Page 67 - ПАТЕКА 2
P. 67

9



            Денешните  општествени  односи  треба  да  се  третираат  и
            проучуваат, а тоа е потребно за да се подобри целокупниот
            општествен живот во светот. Со длабока и целосна анализа
            на кој било елемент од општествените односи ќе се открие
            извртеноста на самата поставеност и јасно ќе се забележи
            губењето  на  дијалектичкиот  реализам.  Ние  тоа  го
            прифаќаме  како  нормална  појава  и  немаме  решение  за
            истото. Немоќта на индивидуализмот да делува за промена
            на мислењето на колективитетот е главна пречка за да се
            открие правата вистина.

            За  да  се  види  и  јасно  да  се  дешифрира  превртеноста  на
            делови  од  денешните  општествени  односи,  тие  делови
            мора  да  се  издвојат  и  одделно  да  се  третираат.  Со  таков
            научен  пристап  деловите  ќе  ја  прикажат  реалноста  на
            целината. Утврдувањето на извртеноста мора да се види со
            примери  каде  јасно  ќе  се  детектираат  искривените,
            извртени  делови  и  нелогичности  кои  ќе  предизвикаат
            реакција за менување кон подобро.

            Пример - Банки

            Со  појавата  на  парите  се  подобрувал  и  унапредувал
            општествениот  однос.  Основната  потреба  за  раѓање  на
            парите е од потребата за размена на стоковите производи.
            Пред појавување на парите имаме проста стокова размена

                     Стока за стока, тоа ќе го искажеме кратко



                                          66
   62   63   64   65   66   67   68   69   70   71   72